Скопје, 8mи јуни 2019 г.- Соборен храм Свети Климент Охридски

 

Недела на Слепиот
(Недела 6 по Воскресение)
светиот апостол Јован 14:10-21

 

 Светиот апостол Карп; Светиот апостол Алфеј; Преподобен Јован Психаит;

Светиот новомаченик Александар Солунски; Пренос на моштите на свети Георгиј Кратовски;

 

На 8ми јуни.2019 година, во шестата недела по Воскресението (недела на Слепиот), кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на  Светиот апостол Карп; Светиот апостол Алфеј; Преподобен Јован Психаит; Светиот новомаченик Александар Солунски; Пренос на моштите на свети Георгиј Кратовски;,во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, старешината на храмот о.Златко Малинов отслужи  Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Ѓаволот ја напаѓа секоја молитва, но особено е агресивен кон Исусовата. Со својот внатрешен глас, човекот може лесно да ги кажува сите други молитви. Меѓутоа, штом ќе ја започне Исусовата молитва, се собираат сите демони. Противењето на сатаната и војната што ја води тој откриваат колку е добра, духовна и плодоносна оваа молитва. Ние не сме разбрале што сме стекнале и колкава е ползата од оваа молитва. Затоа немаме желба и трпение за молитвата. Значи, да се бориме. Да се трудиме во молитвата додека Бог не ни ја испрати Својата благодат, а таа, кога ќе дојде, ќе нe упати во сe.

 

 

 

 

 

 

 

       

 Преминпортал (к.т.)

 

 

 Друго: