Скопје,н. Аеродром, 8-ти август 2018 - храм на св.пророк Илија

 

На 8-ми август 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Преподобната маченичка Параскева

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светата
Христова преподобномаченица
Параскева Римјанка
26 јули / 8 август


Параскево света девственичке,
Словото Божјо во тебе сила покажа,
нагазувајќи на змии и шкорпии и на сета дрскост демонска,
ти Христа го исповеда и прослави,
моли се света маченичке,
прелестите на овој свет да не нé прелажат,
туку по твоите молитви нашите души да се сочуваат.

 

 

 

Во десетата недела по Педесетница, на денот кога Светата Христова Црква молитвено го слави споменот на Преподобната маченичка Параскева, во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, отец Златко Малинов во сослужение на ѓаконите Васил Крстовски и Александар Брајановски отслужи   Божествена  Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На певницата молитви кон Бог принесуваше професорот во Македонската Православна Богословија, Игор Величковски.

Кога ќе ја увидиш помошта во своето срце, знај дека не се јавила однадвор, туку дека проработила благодатта која таинствено ти била дадена на Крштението. Таа подејствувала во мерата во којашто си ја замразил помислата и си се одвоил од неа... Избавувајќи нè (со благодатта на Крштението) од секое насилие, Христос Господ не забранил помислите да се прикрадуваат во нашето срце, за да може едните како омразени на срцето веднаш да бидат истребени, а другите, како омилени, да останат. Со тоа се покажува и благодатта Христова и волјата човекова, т.е. неговата љубов – или кон подвигот заради благодатта или кон помислите заради самоугодување...- авва Макариј Александриски

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго: