логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Младоженецу, по доброта покрасен од сите луѓе, Кој си нѐ повикал на духовна трпеза во Твојата брачна одаја, ослободи ме од грубата облека на моите гревови, со учество во Твоите страдања, и откако ќе ме украсиш со облеката на Твојата убавина, покажи ме како светол гостин на трпезата од Твоето царство, како милостив.


    

(Стиховна стихира на празникот)

Со скрушено срце и мисла ги живееме последните земни денови на Спасителот. Еве не сега на патот за Ерусалим, мислено и молитвено Го следиме Христа, благогогвејно слушајќи Го, додека беседи со учениците. А поуката Негова продира длабоко во душата, неусетно подготвувајќи ја за страшното предавство што следи и Голготата што со Него заедно ќе ја минеме. Колку мудро и со колку едноставни и јасни зборови Господ ни ја предава чудесната паралела за мудрите и неразумните девојки. Приказна навидум обична, н доживува оваа Христова парабола и секој се пронаоѓа себеси во едната или другата група девојки. Тогаш сфаќаме дека нашата љубов кон Христа е мерилото за сѐ, но доколку не ја разгоруваме постојано со елејот на слушање на словото Божјо, упорна молитва, верност кон заповедите и примање на светите Тајни, таа светилка гасне и под изговорот дека „има време“ стануваме рамнодушни за најдрагоценото богатство на нашиот живот. Соочени со сиромаштијата на својата духовна облека, додека пред нашите очи трепери прекрасниот лик на Женихот, носен на рацете од јеромонасите, во душите раѓаме нова ревност, барем во овие последни денови на единаесеттиот час, со будно покајание и солзи да ја измиеме душата, да се облечеме во светлата облека на духовната радост, да ги наполниме  светилките со добри дела, трпеливо одгонувајќи го од себе гревовниот сон и плотската раслабеност и очекувајќи го гласот кој ќе рече: „Ете Младоженецот доаѓа, појдете да го пресретнете!“    

 

Извор: http://religija.mk/manastirot-sveti-andrej-na-matka-stana-kulturno-nasledstvo-od-golemo-znachenje/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie