логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 28 февруари 2018 лето Господово   
 

Светоотечките дела се непресушен источник на духовна мудрост. Не го занемариле големите угодници Божји ни тоа толку важно дејание, како што е Великиот пост. Ви предлагаме за духовна поука и утврдување избор од кажувањата на светиите за тоа што е Великиот пост и како правилно да го поминеме.
ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ВЕЛИКИОТ ПОСТ

„Четириесетницата не ја занемарувајте, таа претставува подражавање на животот Христов.“ (Св. Игнатиј Богоносец)



„Доколку имаш душа облечена во облеката на ненаситност и алчност, соблечи го вреќиштето, отфрли го блудот и облечи се во светлата одежда на целомудрието. Те убедувам – пред да дојде Женихот на душите наши и ја виде твојата парталава облека, имаш доволно време да ја смениш, бидејќи ти се дадени четириесет дена за покајание.“ (Св. Кирил Ерусалимски)

„Господ со Својот пост ни ја осветил Четириесетницата: Тоа Он го направил за нашето спасение, за не само со збор туку и со пример да нѐ научи на постот.“ (Св. Амвросиј Медиолански)

„Деновите на Четириесетницата го означуваат животот на сегашниот век, исто како што деновите на Пасхата го предизобразуваат вечното блаженство. Во времето на постот ние имаме скрушеност, а на Пасха се исполнуваме со радост, исто како што во сегашниот живот треба да принесеме покајание за во идниот живот да ги достигнеме вечните блага.“ (Блажени Августин)



„Секој во овој земен живот треба да твори милостина, воздивнува за гревовите и да пролева солзи. Но ако во тоа често ни се мешаат светските суети, во краен случај барем во деновите на постот да ги исполниме срцата наши со сладоста на законот Божји.“ (Блажени Августин)

„Во законот е напишано дека Бог им заповедал на синовите Израиеви секоја година да даваат десетина од сѐ што придобиле, и правејќи така тие имале благослов во сите дела свои. Знаејќи го ова, светите апостоли востановиле и ние да одделуваме десетина од самите денови на нашиот живот и да ги посветуваме на Бога, за на таков начин да стекнеме благослов за сите дела наши и да ги очистиме гревовите што сме ги направиле во текот на годината. Откако добро расудија тие ни ги осветија седумте недели на Четириесетницата.“ (Преподобен Авва Доротеј)

„Светиот апостол Павле ни го покажа венецот нераспадлив и на сите што сакаат да го стекнат им препишал да го умртвуваат и покорат телото. Никаков друг начин нема. Тука умртвување на телото, а таму венец нетленен. Ако го сакаш последното – земи го она првото.“ (Св. Теофан Затворник)

Извор: pravoslavie.ru

Преземено од: Бигорски манастир

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie