.Човечкото срце – слично на сад. Она што е садот, тоа е и срцето човечко, вели истиот светител.
За монаштвото
По извесно време ги видов како си одат. Сега беа сосема поинакви. Молчаливи, замислени се спуштаа низ патеката. Излегов и ја прашав старицата: „Кои беа овие, кои дојдоа?“ – „Дојдоа некои луѓе, едниот раскопчан, другиот без кошула, третиот на кратки пантолони… Влегоа и викаа, и едниот од нив ми рече: ,Старицо, ќе нѐ примите ли вакви какви што сме?‘ – ,Манастирот не е мој. Тој е на Богородица‘ – им рекла таа. ,И тие влегоа‘“.