логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Треба да го вкусувам смирението со лажица, повторно и повторно и често да се скрушувам.

Само тогаш, кога не примам ништо од ближниот, кога го пазам своето достоинство,

сакам да ме уважуваат, да ме сакаат, да ме бараат, да ме разбираат, одобруваат и признаваат,

тогаш Бог не е со мене.

   3.angeli.so.truba Порано сѐ се правеше со молитва на устата: ораа – се мола, сееја – се молеа, ја збираа реколтата – се молеа. Денес, ние не знаеме какви луѓе го приготвиле тоа што го јадеме. Многу често храната се подготвува со богохулни зборови, пцуејќи, колнејќи… Затоа, пред да јадеме треба со особено внимание да се помолиме.
Навистина, кога постапуваме така во молитва, и благодарност, на трпезата присуствуваат со нас и ангелите, а каде се ангелите таму се сите светии.

3.angeli.so.trubaНив најчесто ги раководат две страсти: празната слава и користољубието. Така во епархијата се појавуваат други невидливи епархии, а во парохиите затворени општини (мали заедници), како некаква елита на парохијани особено предадени на својот свештеник. Постои и видот на потполна послушност кон духоносните старци, но тој денес е тегобен и речиси невозмозен за луѓето во светот во неговата поранешна форма.

Старецот: Прелеста е повреда на човечката природа со лага. Прелеста е состојба својствена за сите луѓе, без исклучок, предизвикана од падот на нашите прародители. Сите ние сме во прелест. (Почеток на третата беседа на преподобен Симеон Нов Богослов, издание на Оптина Пустина, 1852г.) Знаењето за тоа е најдобра заштита од прелеста. Најголема прелест е човек да се смета себеси за слободен од прелест. Сите ние сме измамени, сите ние сме заведени, сите се наоѓаме во лажна состојба и имаме потреба да се ослободиме преку Вистината.

Многу луѓе ќе Го почувствуваат Христос, но најмногу оние кои се соочуваат со болка. Силата и обемот на болката е многу голема. Болка е да те боли заб, да те боли главата, да имаш вртоглавица, да страдаш од несоница, да не можеш да спиеш, да имаш некаква болест, да страдаш од бубрези, да ти ставаат редовно инјекции, да одиш често во болница, болка се хемотерапијата,

И што значи духовниот живот? Тоа е животот кој е облагодатен од Светиот Дух. Односно, извини, Светиот Дух го облагодатува твојот живот само но ретки моменти? Ти си го поделил твојот живот? Си го разделил животот на делови? И велиш: овој дел Му припаѓа на Бога, овој на работата, овој на јадењето, овој на домот, овој на чистењето.

Тропар, глас 1.
Кога се крштеваше во Јордан, Господи, на светот му се откри Света Троица: зашто гласот на Родителот сведочеше за Тебе, именувајќи Те возљубен Син. И Духот, во вид на гулаб, ја потврдуваше вистинитоста на Неговите зборови. Христе Боже, Кој се јави и светот го просветли, слава Ти. (3-пати)

Сакајќи да ги погребе нашите гревови со вода во јорданските струи, од милосрдие, Христос доаѓа да нѐ обнови со крштението, нас распаднатите.

Христе, покривајќи ја срамната голотија на прататкото Адама, се соголуваш доброволно, и Себе Самиот се покриваш со јорданските води, Ти Кој со води ги покриваш небесата, единствен Многумилостиве!

Но задолжително треба да бидат известени дека Богојавленскиот водосвет не ја заменува Божествената причест со Телото и Крвта Христови,

за која треба со покајание да се подготват, за да се ослободат од пречките на гревот,

та да се удостојат поскоро да се причестат.

Venchavka.CarskaПрва и општа причина – уживање во сите сфери на животот. Вулгарната хедонистичка цел – „да се земе се’од животот“, тоа е ако не главната тогаш во голема мера значајна и одредувачка причина, исто е и кај црковните луѓе. Стануваме се’ повеќе себични. Ова е важно, секако и за нас, за свештенството.
Втора причина: православните, за кои сега и зборуваме, едноставно не научиле што е христијански брак. И примерите на среќни, долгорочни, во висока смисла одговорни сопружници се ретки.

Ikona.zavasilopita.jpgТогаш св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат.

Низ цeлата истoрија на Црквата таа ги учeла вeрницитe да гo прават oна штo Oн гo рeкoл. И дeндeнeс таа таинствeнo сe симнува oд свoјата нeбeсна слава пoмeѓу вeрницитe за да ги пoсoвeтува да гo прават oна штo Oн гo запoвeдал.

Тoа e нeјзинo Eвангeлиe - Eвангeлиe на Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица.

Тoа нe сe сoстoи oд чeтири Eвангeлија, туку oд чeтири збoра: Сè штo ќe ви рeчe, направeтe!

Гледаш ли ти, дека човекот е осамен тогаш, кога никого не љуби. Затоа што љубовта е слична на нитка, која нè сврзува со саканиот човек. Па така ние правиме букет. Луѓето – тоа се цвеќиња, а цвеќињата во букетот не можат да бидат осамени. И ако само цветот расцвета како што треба и почне да благоуха, градинарот ќе го земе во букетот.

Така е и со нас, луѓето.

2.svetiteliИ сега денот на милоста ја покажа својата вредност!
Никој нека не го гони својот ближен поради одмазда за согрешенијата кои му ги сторил.

Денот на радоста пристигна!
Никој нека не биде виновен за предизвикувањето на жал и тага кон друга личност.

Ова е ден без облаци, ова е светол ден!

Crkva.VegoshtiНавистина, во општожитието каде што престојував, уште во навечерието на Божик (на Бадник), е ден за строг пост. Значи, по завршувањето на богослужбата, нема трпеза за да одиме да јадеме, туку поминува гостоприемникот и ни разделува на сите мали парчиња леб, суви смокви и еден сад со мед, и секој може да земе една лажичка мед. Ете, тоа е навечерието (Бадник). И остануваме во исчекување на друга храна дури во наредниот ден, кога, се разбира, се поставува убава трпеза по завршувањето на богослужбата.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1018
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 989
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…