Наоѓајќи се на ден пред големиот празник Педесетница, правиме спомен на починатите во верата отци наши, браќа и сестри. Светата православна Црква, движена од науката на Христовата љубов, постојано нѐ поттикнува да се молиме на Господа за душите на покојниците, знаејќи дека смртта е само една врата, преку која човечката душа преминува од животот овде на земјата, во животот на идниот век.  Богомудрите и божествени отци нѐ поучуваат секојдневно да се молиме за нашите упoкоени ближни, но тие озакониле - неколку денови од годината да бидат целосно посветени


Господи, Кој со длабока мудрост човекољубиво управуваш сѐ, и на сите им даваш сѐ што е полезно, единствен Создателу, душите на Твоите слуги упокој ги, зашто сета надеж ја положија на Тебе – Творецот и Создател и наш Бог.(Тропар за упокоените)


Наоѓајќи се на ден пред големиот празник Педесетница, правиме спомен на починатите во верата отци наши, браќа и сестри. Светата православна Црква, движена од науката на Христовата љубов, постојано нѐ поттикнува да се молиме на Господа за душите на покојниците, знаејќи дека смртта е само една врата, преку која човечката душа преминува од животот овде на земјата, во животот на идниот век.  Богомудрите и божествени отци нѐ поучуваат секојдневно да се молиме за нашите упoкоени ближни, но тие озакониле - неколку денови од годината да бидат целосно посветени за правење помен на починатите. Тоа се т.н. саботи - задушници. Се нарекуваат задушници, затоа што во тие денови верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

  

„Една од тие задушници е токму саботата пред Духовден – слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што светите отци љубат за овој празник да кажат: „Роденденот на Црквата“. Целата проткаена со човекољубие и сострадание, Христовата Црква токму во предвечерието на својот роденден, како да сака да ни каже дака во Христа се сите живи, нѐ повикува да направиме помен на сите, од века, благочестиво упокоени луѓе. Пред погледот на Црквата минуваат милијардите и милијарди упокоени отци, браќа и сестри наши, сите оние на кои не им ги знаеме имињата, кои одамна веќе немаат овде меѓу нас пријатели, за да бидат спомнати во нивните молитви. Не заборавајќи никого во овој заеднички, соборен и молитвен помен, Црквата ги спомнува своите од почетокот починати чеда, и богати и сиромашни, и мирјани и монаси, и цареви и слуги – сите оние кои веќе нѐ напуштиле. Последувајќи го завештанието на светите отци, се помоливме и ние соборно во свештената Бигорска обител, за Бог да ги насели Неговите упокоени чеда во небесните дворови. Започнувајќи уште од петочната вечерна богослужба, трогателно прозвучија боговдахновените молитвени и потресни стихири: „Плачам и ридам кога ќе помислам на смртта и ја гледам во гробот нашата, според ликот Божји, создадена убавина, каде лежи без облик, без слава, без изглед... Како се предадовме на гнилежот? Како се присоединивме на смртта...“ Веднаш потоа Старецот, заедно со останатите јеромонаси, ја започна панихидата, на која монасите и верните, со свеќи во рацете, ги упатуваа своите молитви кон небесниот Цар за да ги всели душите на починатите во Неговото царство на живите. Утредента, пак, на утрената богослужба, која продолжи со заупокоена Литургија, мноштвото христољупци се помолија за блажено успение на душите кои, веќе, го напуштиле телото.

 

Сите богослуженија имаат длабока и важна смисла и се одликуваат со своја убавина и значение на нивната содржина. Но Светата Литургија е најсуштинскиот дел од богослужбениот круг; круна на истиот и средиште на целиот верски живот на христијаните. Меѓу другото, за време на проскомидијата (даропринесувањето) свештеникот вади честички за сите починати кои умреле со вера и надеж за вечен живот, и овие честички потоа се потопуваат во чесната и животворна крв на Јагнето – Христос, при што, на тој начин, гревовите на споменатите се бришат и нивните души се ослободуваат од идните маки. Ова е најголема милост, ова е најголема љубов, која единствено преку верата може да се разбере и прифати. На крај ќе се помолиме уште еднаш со зборовите на светата Црква: Со светиите упокој ги Христе, душите на Твоите раби, таму каде што нема болка, ни тага, ни воздишка, но живот бесконечен.“

Текст: Бигорски манастир

 (Обновено)

Илустрација: пп