Кој е мојот ближен?

Сестра Магдалена е монахиња во општежителната монашка заедница Свети Јован Крстител во Есекс, Англија. Текстот кој следи e земен белешките на нејзината беседа која ја даде на Синдезмос–Холандија, конференција која се одржа во близина на манастирот на Рождеството на Мајката Божја во селото Астен.


Го прашале Христос, -"Кој е мојот ближен"? (Лука 10:29) Се забележува дека ова не е апстрактно прашање туку конкретно кое се однесува на секој од нас лично-тоа не гласи кој е нашиот ближен. Прашањето е одговорено од Господ во параболата за добриот Самарјанин, на чиј што крај Христос го преобликува самото прашање на малку навидум нелогичен начин: Тој му покажува на младиот човек кој го постави прашањето, како тој може да биде ближен. Ближен е оној кој покажува милост. Потоа Христос вели, -"Оди и ти чини така". На тој начин прашањето станува, -"Како јас можам да бидам ближен"? Со тоа што ќе бидам добар ближен на останатите, секој ми станува ближен. Од нас се бара не да пронајдеме ближен, туку да станеме/бидеме ближен.
Ова не е единствено морално/етичко прашање, прашање на однесување, прашање на земна помош.  Особено говорејќи ова е богословско прашање. Како што настојува Свети Јован,-„Оној што не го љуби својот ближен што го видел, како може да го љуби Бога што не го видел“ (1 Јован 4:20). Критериум на нашата вера во Бог е учеството во Божјата љубов.  Христос се моли љубовата на Отецот и и Светиот дух „нека бидат во нас’. Бог во Себеси љуби личност со личност со личност,  до таква совршеност така што Три Лица во Бог се едно битие.
Љубовта е критериум на нашето учеништво. "По тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици, ако имате љубов еден кон друг" (Јован 13:35)
Дадени ни се две заповеди – да го љубиме Бог со сето свое битие и да го љубиме нашиот ближен како себеси. Христос говори дека втората заповед „е како првата“. Да се љуби вака е , вели Тој „нова заповед“(Јован 13:34). Нова е, бидејќи е напредок од Стариот Завет, кој требаше да го изгради племенското единство. Во Стариот Завет непријателите беа масакрирани со благослов на Бог. Но, ние мора да ја разбереме Божјата педагогија: имаше потреба да постои единствен народ за да се подготви патот за да биде роден Месијата. Но, дојде Христос и Он поучуваше на унивезална љубов за сите мои приајтели, дури и непријатели. Всушност, овие две (љубови) се поврзани–затоа што преку љубовта, непријателите ги препознаваме како ближни.
Извесна љубов, може да се каже, доаѓа природно – како љубовта на мајката кон нејзините деца.  Но, Христос зааповедал таква љубов која во нашата падната состојба не доаѓа „природно“.


Реченицата „да се љуби ближниот како себеси“ понекогаш е погрешно истолкувања  во смисол „прво јас треба да се љубам себеси, односно да имам самопочит, и само тогаш јас можам да го љубам својот ближен“. Но, Христијанскиот пат е да се негираме себеси, да умреме за себеси, за да можеме го љубиме ближниот.  Животот на мојот ближен е мој – или како што вели Светиот старец Силуан, -„мојот брат е мојот живот“.
Божествената Личност на Христос, како човек, ги преживеа сите наши страдања. Он рече дека најголем чин на пријателство или љубов е да се откажеш од сопствениот живот заради/за некој друг. Ваква љубов може да дојде само од Бог. Таа е дар на Светиот Дух. Всушност највисокиот дар на Светиот Дух е љубовата. Сите други дарови се манифестации/пројави на љубовта.
Како да започнеме? Светиот Доротеј од Газа вели,-„неможеш да се искачиш на скалите со еден чекор“. Постои поговорка,-„милосрдието започнува дома“. Започнуваме со оние кои Божјата промисла ги поставила на нашата патека.  Додека нашата вера има космичко значење, Христијанскиот живот се живее со сите детали на секојдневниот живот. Начинот на љубов кој го гледаме кај Светиот Силуан е далеку пред нас, но започнувањето е во чекорењето со мали чекори. На пример, кога сме навредени, првиот чекор е да ја избегнеме осветата, дури и кога воздржувањето од злоба раѓа внатрешно незадоволство, и оттука тргнуваме да учиме да чувствуваме сострадание и љубов.
Најголемиот испит е љубовта кон непријателите. Љубовта не е само убаво/пријатно чувство кога сум со одредени луѓе со кои наоѓам дека ми е лесно да бидам. Многу е тешко да се љубат оние кои се неправедни кон нас, или кон оние за кои ни е грижа, или кон Црквата. Сепак, Светиот Силуан вели – „критериум за вистинскиот Христијанин е љубовта кон непријателите“. Ова е срцевината на Благата Вест.
Во однос на параболата за добриот Самарјанин, препознаваме дека во едно значајно толкување/интерпретација на истата го гледаме Христа Самиот како Самарјанинот, кој кој полева врз нас, болното и рането човештво, масло и вино на исцелителните таинства. Гостилницата во која не внесува е Црквата. „Парите“ кои Он ги остава се дарот на Светитиот Дух. Со други зборови, приказната се однесува на повисоките степени ко постојат напоредно со надворешното служење.  Една од најљубовните нешта што можеме да ги сториме за нашиот ближен е да се молиме за него. Како заднина/потслон на сите надворешнини начини на служење на ближниот треба да е молитвата.  Молитвата е нашата најголема служба. Може да се чуе дека молитвата е бекство. Молитвата за нашите браќа е навистина пролевање на крв, вели Старец Силуан. Молитвата не е лесен излез. Тоа е делање кое секој треба да го врши.
Во Евангелието по Матеј 25 го гледаме Христос како се идентификува Себеси како наш ближен. Овде Христос ги повикува своите следбеници да ги нахранат гладните, да ги напојат жедните, да ги облечат сиротите, да ги удомат бездомните, да се погрижат за болните и затворениците. Не би требало да ги запоставуваме и овие видови на видлива помош, секој според своите можности. Меѓутоа Светиот Симеон Нов Богослов ни говори дека би можеле да ги чиниме овие дела во молитва–можеме да се грижиме за болните преку молитва и да бидеме присутни меѓу затворениците во молитва.
Учекјќи се да ги љубиме оние кои е тешко да се љубат, мораме да се молиме за нив.
Исто така, можеме да  изразуваме љубов во време кога сеуште не ја чувствуваме. Еден човек исповедаше дека тој нема љубов за Бог и човекот, но дека одлучул да дела како да е ољубовен. Така по 35 годин него му беше дарена милоста да љуби. Неговите дејаниа за време на 35-те години не претставуваа хипокритство. Тоа беше вежба. Кога се причестуваме, ние се молиме за милоста да љубиме: „Нека оваа причест ми биде на искрена љубов“... Бараме- „да не живеам  веќе за себе туку за Тебе“, што е молитва со која се опишува љубовта,
Слично на ова, можеме да се молиме за оние за кои чувствуваме дека неможеме да ги љубиме. „Господи Исусе Христе, биди милостив кон Твојот слуга (име) и по неговите/нејзините моилитви помилуј ме!“
Бог е божествен, ние сме луѓе. Но, Бог иако божествен, може да живее во мене до тој опсег така што неговата љубов ќе делува во мене, и ќе ја преобрази мојата човечка љубов со Неговата божествена љубов. Љубовта е патот кон вечноста.
Од одговорите на Сестра Магдалена на прашањата:
Учењето да се љуби е болно. Наликува на болката да се научиш да го користиш екстремитетот после повреда. Парализираната личност почнува да мисли дека нејзината состојба е нормална. Болката која секој мора да ја доживее во надминувањето на парализата се чувствува како смрт.
Понекогаш светителите во својата спремност да ја страдаат болката на љубовта, се опишуваат како мазохисти. Но љубовта која се дава себеси не е психолошко заболување, не повеќе од болеста на мајката која одговара на потребите на своето дете, затоа што таа живее за друг.
Всушност, постои голема радост во љубовта, но истовременои тага. Светиот Павел вели да се радуваме со оние кои се радуваат и да плачеме со оние кои плачат.
Ние мораме да го избегнеме искушението да ги направиме Евангелието да одговара на нашата “потреба” или на светскиот поглед на моменталната “можност” на нашата ситуација. Во нашиот личен живот би морале да престанеме да возвраќаме на злото со зло, дури и ако тоа подразбира во почетните степени да се оковаме себеси во столица со цел да го контролираме нашиот гнев.
Светитот Павел вели, “љубовта не мисли зло”.(1Кор. 13:4). Исто така ги слушаме зборовите Христови на крстот, “тие не знаат што прават” (Лука 23:34). Он, како што се случи,  ги оправдува (чини изговори) за Своите непријатели. Ние мора да бараме од Него да ни ја даде таа љубов.
Кога сме соочени со провокации, треба да ги сметаме за испит. Да ги посматраме постапките на другите, дури и злите постапи, како Божја промисла, која Он дозволил да ми се случи – единствено моите зли постапки не треба да ги сметам како Божја промисла, за нив ја превземам вината.
Запомнете ги различните одговори Христови. Понекогаш Он беше тивок (молчеше). Понекогаш зборуваше со  лутина. Но, Он никогаш не се плашеше и Он секогаш ги љубеше другите.

 

(од записот на Џим Форест и корекции од Сестра Магдалена)


Подготви: Маја Белева


Линк: http://www.incommunion.org/2005/08/06/who-is-my-neighbor/