логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Свети Василиј Велики- Божествена Литургија (I дел)

 

 Zoran.sv.J.Bogoslov8.jpg

ВЕРОИСПОВЕДАНИЕТО
Верувам во едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата, на сé видливо и невидливо.
 И во едниот Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови: Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, несоздаден, единосуштен на Отецот, преку Кого сé постанало. Кој заради нас луѓето, и заради нашето спасение слезе од небесата, и се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија, и стана човек. И Кој беше распнат заради нас, во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребен. И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото. И Кој се вознесе на небесата, и Кој седна оддесно на Отецот; и Кој пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство не ќе има крај.
 И во Светиот Дух, Господ Кој дава живот, Кој исходи од Отецот, Кому заедно со Отецот и Синот Му се поклонуваме и Го славиме, и Кој говорел преку пророците. Во една Света Соборна и Апостолска Црква. Исповедувам едно крштение за опростување на гревовите. Го чекам воскресението на мртвите: И животот во идниот век. Амин!

Ѓаконот:
Да застанеме смерно, да стоиме со благоговение, да внимаваме, светите Дарови во мир да ги принесеме.
Народот:
Милост од мíрот, жртва на благодарност.
Свештеникот, благословувајќи го народот, возгласува:
Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, и љубовта на Бога Отецот, и заедницата со Светиот Дух, да биде со сите вас.
Народот: И со духот твој.
Свештеникот, подигнувајќи ги двете раце, возгласува:
Горе да ги имаме срцата!
Народот: Ги имаме кон Господа.
Свештеникот: Да благодариме на Господа.
Народот:
Достојно и праведно е
да Му се поклонуваме на Отецот
и Синот и Светиот Дух
- на Троица едносуштна
и неразделна.

Свештеникот се моли, почнувајќи го
СВЕТОТО ВОЗНЕСУВАЊЕ
Владико, Господи Боже Оче Седржителу, Кому Му се поклонуваме, - достојно е навистина, и праведно, и долично на величеството на светоста Твоја, - Тебе да Те фалиме, да Те воспеваме, да Те благословуваме, да Ти се поклонуваме, да Ти благодариме, да Те славиме, Тебе, единствениот вистински Бог, и со скрушено срце и смирен дух да Ти ја принесуваме оваа наша словесна служба: зашто Ти Си Тој, што ни го дарувал познанието на Твојата вистина. И кој може да ја изрече Твојата сила, да ги направи чуени сите Твои пофалби, или да ги каже сите Твои чудеса во секое време? Владико на сите, Господи на небото и земјата и на сета твар, видлива и невидлива, Кој седиш на престолот на славата и гледаш кон бездните, беспочетен, невидлив, недомислив, неискажлив, непроменлив, Оче на нашиот Господ Исус Христос, великиот Бог и Сапсител, нашата надеж, образот на Твојата добрина: печат истообразен, Кој во Себе Те покажува Тебе Отецот, живо Слово, вистински Бог, предвечна премудрост, живот, осветување, сила, светлост на вистината, преку Кого се јави Светиот Дух: Духу на вистината, дару на восиновување, обручување на идното наследство, почеток на вечните блага, живототворна сила, извор на осветување, од Кого сета словесна и умна твар укрепувана, Тебе Ти служи и Тебе непрестано славословие Ти вознесува, како во сé Твој сотрудник: зашто тебе Те фалат ангелите, архангелите, престолите, господствата, началствата, властите, силите и многуоките херувими: околу Тебе стојат серафимите, секој со по шет крилја: со две ги покриваат своите лица, со две - нозете, и со две летајќи, повикуваат еден кон друг, со неуморни усти и со незамолчиво славословие,

Свештеникот, возгласува:
Победната песна пеејќи, воскликнувајќи, извикувајќи и говорејќи ја:
Ѓаконот ја зема света ѕвездичка од Светиот Дискос; при изговарањето на глаголите од возгласот, прави над него крсен знак, па ја склопува, ја целива и ја остава врз светите покривки.

Народот:
Свет, Свет, Свет, Господ Саваот! Полни се небото и земјата со Твојата слава; Осана во висините, благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово; Осана во висините!

Свештеникот, приклонувајќи ја главата, се моли:
Со овие блажени сили, човекољубив Владико, и ние грешните воскликнуваме и говориме: свет Си навистина и пресвет, и безмерно е величеството на светоста Твоја, и преподобен Си во делата Твои, зашто со правда и вистински суд сé Си устроил за нас: Си го создал човекот прав земајќи од земјата, и почестен со образот Твој, Боже, Си го сместил во рајот на сладоста, ветувајќи му бесмртен живот и наслада со вечните блага, ако ги запази заповедите Твои: но непослушувајќи Те Тебе, вистинскиот Бог, Кој го создал, и кон змиската прелест приклонувајќи се, умртвен од своите гревови, Си го изгонил со праведниот Твој суд, Боже, од рајот во овој свет и во земјата Си го вратил, од која беше земен, устројувајќи му низ повторно раѓање - спасение во самиот Твој Христос: зашто не Си се одвратил од Своето создание докрај, кое Си го создал, Благи, ниту Си ги заборавил делата на рацете Свои, туку Си го посетил на разни начини, заради милосрдието на милоста Твоја: пророци Си испратил, сила си покажал преку Твоите светии, кои во секој род Ти благоугоделе Тебе: Си ни зборувал преку устите на слугите Твои пророците, предвестувајќи ни го спасението што ќе дојде: закон Си дал за помош: Си поставил ангели пазители: а кога се исполни времето, Си ни зборувал преку самиот Твој Син, со Кого Си ги создал вековите, Кој е блескање на Твојата слава и изобразба на Твојата ипостас, управувајќи над сé со галголот на Твојата сила, и не помислувајќи на неверство, за да биде еднаков со Тебе Бога и Отецот: но иако Бог предвечен, на земјата се јави и со луѓето поживеа: и од светата Дева воплотувајќи се, се понижи Себе Си, образ на слуга земајќи, постанувајќи сообразен на телото на нашето смирение, за да нé направи сообразни на образот на Својата слава: и бидејќи преку човекот влезе гревот во светот, а со гревот и смртта, затоа Твојот единороден Син, Кој е во прегратките на Тебе Бога и Отецот, благоизволи, да се роди од Светата Богородица и секогаш Дева Марија, бивајќи под законот, за да го осуди гревот во Своето тело, та оние што во Адама умираат, да се оживототворат во самиот Твој Христос: и поживејувајќи во овој свет, давајќи ги спасителните заповеди, одвраќајќи нé од идолските прелести, Те приведе во познание Тебе вистинскиот Бог и Отец, стекнувајќи нé за Себе како род избран, царско свештенство, свет народ: и очистувајќи нé со водата, и осветувајќи нé со Светиот Дух, се даде Себе Си за откуп на смртта, во која бевме заробени, продадени под гревот: и слезе со крстот во адот, за сé да исполни со Себе Си, и да ја исцели смртната болка: и воскресна во третиот ден, правејќи му пат на секое тело, кон воскресение од мертвите, зашто не ì беше можно на пропаста да го држи Началникот на животот, постана почеток на упокоените, првороден од мртвите, за самиот да биде сé, во сé првенствувајќи: и се вознесе на небесата, и седна оддесно на величеството Твое на висините, Кој и ќе дојде да му воздаде секому според неговото дело. А ни го остави и споменот на ова Свое спасително страдание, кој го предложивме по Неговата заповед: зашто сакајќи да излезе на волната и секогаш споменувана и живототворна Своја смрт, во ноќта, во која се предадае Себе Си за живот на светот, зеде леб во Своите свети и пречисти раце, објавувајќи Те Тебе, Бога и Отецот, заблагодари, го благослови, го освети, го прекрши,
Свештеникот возгласува:
 го даде на Своите свети ученици и апостоли, велејќи: примете, јадете, ова е Телото Мое, кое за вас се пркршува за отпуштање на гревовите. Амин.
Свештеникот тивко:
 Исто така и чашата: земајќи од плодот на лозата, го раствори, го благослови, го освети,
Свештеникот возгласува:
 ја даде на Своите свети ученици и апостоли, велејќи: пијте од неа сите, ова е Крвта Моја на новиот завет, која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите. Амин.
Свештеникот тивко:
 Ова правете го во Мој спомен: зашто секогаш кога ќе го јадете овој леб и ќе пиете од оваа чаша, Мојата смрт ќе ја објавувате, Моето воскресение ќе го исповедате. Спомнувајќи си, пак, Владико, и ние за овие Негови спасителни страданија, за живототворниот крст, тридневното погребение, и од мртвите воскресение, и на небесата вознесение, и седнувањето оддесно Тебе Бога и Отецот, и славното и страшното Негово второ пришествие:

Свештеникот притоа возгласува:
Твои (Дарови) од Твоите, ТебеТи ги принесуваме за сите и за сé,

Народот:
Тебе Те воспеваме,
Тебе Те благословуваме,
Тебе Ти благодариме, Господи,
и Ти се молиме,
Боже наш!
Свештеникот и ѓаконот трипати се поклонуваат пред Светиот Престол, молејќи се во себе и говорејќи:
Боже, биди милостив кон мене грешниот, и помилуј ме.
Свештеникот:
Господи, Кој во третиот час Си го испратил Твојот Пресвет Дух на Твоите Апостоли, Него, Благи, не одземај го од нас, но обнови нé нас кои Ти се молиме.
Ѓаконот, стихот:
Срце чисто соѕидај во мене, Боже, и Дух прав обнови во утробата мојата. (двапати)
Свештеникот:
Господи, Кој тргна во третиот час...
Ѓаконот:
Не ме отфрлај од Твоето лице, и Твојот Свет Дух не Го одземај од мене.

Свештеникот, со приклонета глава, се моли тивко:
 Затоа, пресвет Владико, и ние грешните и недостојните слуги Твои, кои се удостоивме да Ти служиме на светиот твој жртвеник, не заради нашата праведност, зашто ништо добро на земјата не сторивме, туку заради Твојата милост и Твоето милосрдие, што Си го излеал обилно на нас, се осмелуваме да пристапиме на светиот Твој жртвеник: и полагајќи го образот и подобието на свето Тело и Крв на Твојот Христос, Ти се молиме и Те призиваме Тебе, Светоста на светиите, та по благоволението на Твојата добрина, да дојде Светиот Твој Дух на нас и на овие предложени дарови, да ги благослови, да го освети и да го покаже:
Свештеникот го благословува светиот леб (Агнец) и вели:

 Овој леб - самото чесно Тело на нашиот Господ и Бог и Сапсител Иисус Христос. Амин.
Свештеникот ја благословува светата чаша и вели:
 А во оваа чаша - самата чесна Крв на нашиот Господ и Бог и Сапсител Иисус Христос. Амин.
Потоа ги благословува заедно Даровитеи вели:
 Пролеана за живот и спасение на светот. Амин, амин, амин.

Во тој момент светите Дарови веќе се претворени во Тело и Крв Христови, затоа свештеникотправи длабок поклон пред нив и вели:
 Сите нас, пак, кои се причестуваме од едниот леб и едната чаша, соедини нé, еден со друг, во заедницата на Светиот Дух: и никому од нас да не му биде на суд или осуда причестувањето со светото Тело и Крв на Твојот Христос: туку да задобиеме милост и благодат со сите светии, кои од вавек Ти благоугодиле, праотци, отци, патријарси, пророци, апостоли, проповедници, евангелисти, маченици, исповедници, учители, и секој праведен дух во вера што починал.

Свештеникот ја зема кадилницата и, кадејќи пред Светиот Престол, говори:
ОСОБЕНО за Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и Секогаш Дева Марија:

Народот:
Со Тебе се радува, Благодатна, сета твар, ангелскиот собор и човечкиот род, осветен храму и рају словесен, девствена пофалбо, од Која Бог се воплоти и младенец постана, - предвечниот Бог наш: од прегратката Твоја престол си создаде и утробата Твоја поширока од небесата ја направи! Со Тебе се радува, Благодатна, сета твар, слава ти, слава ти!

Свештеникот тивко се моли:
За Свети Јован, Пророк, Претеча и Крстител, за светите славни и сефални Апостоли, за светиот (името), чиј спомен го славиме, и за сите Твои Светии; заради нивните молитви посети нé, Боже. И спомни ги сите починати со надеж на воскресение за живот вечен (овде ги именува и починатите коишто сака), и упокој ги, Боже наш, кадешто блеска светлината на Твоето Лице.
Уште Ти се молиме, спомни ја, Господи, Твојата света соборна и апостлска Црква, од крај до крај на вселената, во мир запази ја, зашто Си ја стекнал со чесната Крв на Твојот Христос, и овој свет храм утврди го до крајот на вековите. Спомни ги, Господи, оние што Ти ги принесуваат овие дарови, за нив, и за нас, и за оние за кои се принесени. Спомни ги, Господи, плодоносците и доброчинителите во Твоите свети цркви, и за оние што си спомнуваат за сиромасите: воздај им според Твоето богато и небесно дарување, дарувај им наместо земни - небесни дарови, наместо времени - вечни, наместо пропадливи - нетлени. Спомни ги, Господи, оние што девствуваат, и што благоговејат, што постат, и во чист живот што пребиваат. Спомни го, Господи, благочестивиот православен наш народ, кого си го прославил да владее на земјата: со оружјето на вистината и со оружјето на благоволението овенчај го, и осени го со силата на крстот, укрепи го во денот на борбата, возвиси ја неговата десница, запазувајќи ја неговата власт, покори му ги сите варварски народи и племиња, кои сакаат војна: дарувај му длабок и непоколеблив мир, кажувај ја во срцето негово благосостојбата на Твојата Црква и на сите Твои луѓе, та во неговиот спокој, да поживееме тивок и безмолвен живот во секое благочестие и чистота. Спомни го, Господи, секое началство и власт, и сето христољубиво воинство: добрите во добрината запази ги, лукавите добри направи ги со добрината Твоја. Спомни ги, Господи, луѓето што стојат на молитва и оние, што од благословени причини отсуствуваат, и помилуј ги нив и нас според Твојата голема милост: нивните азна исполни ги со секакви блага: нивниот брак запази го во мир и единомислие: децата воспитај ги, со младоста раководи, староста укрепи ја, малодушните утеши ги, растурените собери ги, прелестените обрати ги и присоедини ги кон Твојата света соборна и апостоска Црква: мачените од нечисти духови ослободи ги, плови со оние што пловат, сопатувај со патниците, вдовиците заштити ги, пленетите избави ги, болните исцели ги. Спомни Си, Боже, и за оние што се по судови, во окови, во прогонство, на тешка работа, во секоја мака, беда и немоќ. За сите, на кои им е потребно Твоето безмерно милосрдие, кои нé љубат и нé мразат, кои побараа од нас  недостојните да се молиме за нив, и за сите Твои луѓе - спомни Си, Господи Боже наш, и на сите излеј ја Твојата богата милост, на сите давајќи им прошка за спасение. И за оние, што не ги спомневме од незнаење, или од заборав, или заради многу имиња, Самиот Ти спомни ги, Боже, зашто ја знаеш сечија возраст и име, и секого го познаваш од утробата на неговата мајка. Зашто Ти Си, Господи, помош на беспомошните, надеж на безнадежните, спасител на од бура носените, пристаните на оние што пловат, лекар на разболените: Самиот биди им сé на сите, зашто секого го знаеш, - сечија прозба, дом и потреба. Избави го, Господи, овој град (или ова село, или оваа света обител) и секој град и земја од глад, помор, земјотрес, поплава, оган, меч, напад на туѓинци и меѓусебни војни.
 Спомни го, Господи, секое епископство на православните, кое правилно управува со словото на Твојата вистина.
 Спомни го, Господи, според Твоето огромно милосрдие и моето недостоинство, прости ми го секое согрешение, волно и неволно: та заради гревовите мои, да не ја одвратиш благодатта на Светиот Твој Дух од предложените дарови.
 Спомни го, Господи, презвитерството, Христовото ѓаконство и секој свештенички чин, и не посрамувај никого од нас, што стоиме околу Твојот свет жртвеник. Посети нé според Твојата добрина, Господи, јави ни се според Твоето безмерно милосрдие: благорастворен и полезен воздух дарувај ни, мирен дожд за плодност на земјата дарувај ни, благослови го венецот на годината со благоста Твоја: смири ги раздорите црковни, згасни ја гордоста езичничка, еретичките буни брзо уништи ги со силата на Светиот Твој Дух: сите нас прими нé во Твоето царство, покажувајќи нé синови на светлината и синови на денот; Твојот мир и Твојата љубов подари ни ја, Господи Боже наш, зашто сé што имаме Ти Си ни го дал.

Свештеникот, гласно:
Меѓу првите спомени го, Господи, блажењејшиот архиепископ (или: високопреосвештениот митрополит; или: преосвештениот епископ) наш (името), кого си го дарувал на Твојата света Црква, та во мир, целиот, чесен, здрав, долгоденствен, правилно да го предава словото на Твојата Вистина.
А ѓаконот ги спомнува живите од диптихот, и уште кои сака.
Народот: И за сите и за сî.
Возглас:
И дај ни со една уста и едно срце да го славиме и воспеваме пречесното и величествено име Твое, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Свештеникот, свртувајќи се кон народот и благословувајќи го, вели:
И да биде милоста на великиот Бог и Спасител наш, Исус Христос, со сите вас.
Народот: И со духот твој.
Ѓаконот зема благослов од свештеникот, излегува на северната врата и, застанувајќи на определеното место, говори:
Откако ги спомнавме сите светии, пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот:
За принесените и осветени чесни Дарови, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Та човекољубивиот Бог наш, откако ги прими во Својот свет и наднебесен и нетварен Свој Жртвеник, како благоухание на духовен мирис, да ни ја испрати божествената благодат и дарот на Светиот Дух, да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Да нé избави од секаква скрб, гнев и опасност, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нé, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Цел ден (вечер) совршен, свет, мирен и безгрешен, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Ѓаконот:
Ангел на мирот, верен водител, пазител на нашите души и тела, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Простување и отпуштање на нашите гревови и прегрешенија, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Сé што е добро и полезно за нашите души и мир за светот, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Останатото време од нашиот живот во мир и покајание да го завршиме, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Христијански крај на нашиот живот, безболен, непосрамен, мирен, и добар одговор на Страшниот Христов суд, просиме.
Народот: Подај, Господи.
Единство во верата и заедница со Светиот Дух испросувајќи, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.

Свештеникот, приклонувајќи ја главата, тивко се моли:
Боже наш, Боже Кој спасуваш, научи нé достојно да Ти благодариме за Твоите доброчинства, кои Си ги направил и кои ни ги правиш. Ти, Боже наш, примајќи ги овие дарови, очисти нé од секоја скверност на плотта и духот, и научи нé, да ја извршуваме светињата во стравот Твој, та со чисто сведоштво на нашата совест, примајќи дел од Твоите светињи, да се соединиме со светото Тело и Крв Твоја: и достојно примајќи ги, да Го имаме Христа жив во нашите срца и да бидеме храм на Светиот Твој Дух.
Да, Боже наш, и никого од нас да не го сториш виновен заради овие Твои страшни и небесни Тајни, ниту немоќен со душата и телото, заради недостојното причестување со нив: туку дај ни, сé до последното наше издихание, достојно да го примаме делот од Твоите светињи, за попатнина кон вечниот живот, и за благопријатен одговор на страшниот суд на Твојот Христос: та и ние, со сите светии, кои од вавек Ти благоугодиле, да бидеме учесници во Твоите вечни блага, кои Си ги подготвил за оние, што Те љубат, Господи.
Свештеникот, гласно:
И удостој нé, Владико, со смелост неосудно да смееме да Те призиваме, Тебе небесниот Бог Отец, и да говориме:
Народот:
Оче наш, Кој Си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја како на Небото така и на земјата. Лебот наш насуштен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници; и не воведувај нé во искушение, туку избави нé од лукавиот.
Свештеникот:
Зашто Твое е царството и силата и славата, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Свештеникот: Мир на сите.
Народот: И на духот твој.
Ѓаконот: Нашите глави да ги приклониме пред Господа.
Народот: Тебе, Господи.
Свештеникот, тивко се моли:
 Владико Господи, Оче на штедроста и Боже на секоја утеха, благослови ги оние, што ги приклониле своите глави пред Тебе, и освети ги, запази ги, укрепи ги, утврди ги, одврати ги од секое лукаво дело, обраќајќи ги кон секое доброчинство, и удостој ги неосудено да се причестат со овие пречисти и живототворни Твои Тајни, за прошка на гревовите и за заедница со Светиот Дух.
Возглас:
Со благодатта и милосрдието и човекољубието на Твојот Единороден Син, со Кого Си благословен, со пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ѓаконот влегува во светиот олтар; завесата на светите двери се затвора.

Свештеникот, тивко се моли:
Почуј, Господи Исусе Христе, Боже наш, од светото живеалиште Твое и од Престолот на славата на Твоето Царство, и дојди за да нé осветиш, Ти, Кој со Отецот седиш горе, и овде со нас невидливо сопрестојуваш; и удостој нé со Твојата моќна рака да ни го преподадеш пречисто Тело Твое и чесна Крв Твоја, а преку нас и на сиот народ.

Тогаш свештеникот се поклонува, исто и ѓаконот, пред светите двери, и тивко говорат:
Боже, очисти ме грешниот и помилуј ме. (трипати)
Потоа ѓаконот се препашува со орарот крстовидно; и кога ќе го види свештеникот да го допира Светиот Агнец за да го подигне, возгласува:
Да внимаваме.
Свештеникот, го подигнува Светиот Агнец и возгласува:
Светињите се за светите!
Народот:
Еден свет, еден Господ Исус Христос, во слава на Бог Отецот. Амин.
Народот пее причесен.
Тогаш ѓаконот влегува во светиот олтар и, застанувајќи оддесно на свештеникот којшто го држи Светиот Леб, говори:
Раздроби го, Владико, Светиот Леб.
Свештеникот, раскршувајќи го на четири дела со внимание и побожност, вели:
Се раздробува и разделува Агнецот Божји, Кој се раздробува и не се разделува, секогаш јаден и никогаш недојаден, осветувајќи ги оние коишто се причестуваат.
И ги поставува на светиот дискос крстовидно:
И ѓаконот, покажувајќи со орарот на Светата Чаша, говори:
Исполни ја, Владико, Светата Чаша.
Свештеникот, земајќи ја горната честица (ИС), со неа прави крсен знак над Светата Чаша, говорејќи:
Со полнотата на Светиот Дух.
И ја става во Светата Чаша.
Ѓаконот: Амин.
Ѓаконот ја зема тéплотата (млака вода) и вели кон свештеникот:
Благослови ја, Владико, топлината.
Свештеникот благословува, велејќи:
Благословена е топлината на Твоите светии, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Ѓаконот, крстовидно налевајќи во Светата Чаша колку што е потребно, вели:
Топлината на верата исполнета од Светиот Дух. Амин.

И застанува понастрана. Потоа свештеникот и ѓаконот се поклонуваат и говорат:
Боже, милостив биди кон мене грешниот. (трипати)
Свештеникот се поклонува кон ѓаконот (кон своите сослужители), велејќи:
Брате и сослужителу, прости ми (ако се повеќемина, им вели: простете).
Потоа се поклонува кон народот, молејќи и од него простување. Исто така и ѓаконот (и сослужителите, ако ги има), моли простување од свештеникот и народот.
Тогаш свештеникот говори:
Ѓаконе, пристапи.
Ѓаконот, пристапувајќи со страв Божји, вели:
Еве, приоѓам кон бесмртниот Цар и Бог наш. Преподај ми го, Владико, чесното и свето Тело на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос.
Свештеникот, држејќи честичка од честицата ХС му ја дава на ѓаконот и вели:
Тебе, ѓаконе (името) ти се дава чесното и свето и пречисто Тело на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос, за отпуштање на твоите гревови и за живот вечен.
Ѓаконот му ја целива раката што му го дава Светиот Агнец и оди зад Светиот Престол, па приклонувајќи ја главата, се моли...
Тогаш свештеникот, земајќи и самиот една честичка од Светиот Агнец, вели:
Чесното и пресвето Тело на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос ми се дава мене, свештеникот (името), за отпуштање на моите гревови и за живот вечен.
И така, приклонувајќи ги главите, двајцата говорат:

МОЛИТВА ПРЕД ПРИЧЕСТУВАЊЕТО
Верувам, Господи, и исповедам дека навистина Си Ти Христос, Син на живиот Бог, Кој дојде во светот да ги спасиш грешните, од кои прв сум јас. Уште верувам дека е ова самото пречисто Тело Твое, и ова самата чесна Крв Твоја. Затоа Ти се молам: смилувај се на мене, и прости ми ги прегрешенијата мои, волни и неволни, направени со збор и дело, свесно и несвесно, и удостој ме неосудно да се причестам со Твоите пречисти Тајни за прошка на гревовите и за живот вечен.
На Твојата Тајна вечера прими ме за причесник денес, Сине Божји, зашто нема да ја соопштам Тајната на Твоите непријатели, ниту ќе Ти дадам целив како Јуда, но како разбојник Те исповедам: спомни Си за мене, Господи, во Твоето Царство.
Да не ми биде за суд или за осуда причестувањето со Твоите свети Тајни, Господи, но за исцелување на душата и телото. Амин.
И така, со страв и секоја предострожност се причестуваат.
Потоа свештеникот, држејќи го убрусот, ја зема Света Чаша со двете раце и се причестува од неа трипати, велејќи:
Со чесната и пресвета Крв на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос се причестувам јас недостојниот свештеник (името), за отпуштање на гревовите и за живот вечен. Амин.
И, забришувајќи ги своите усни и Светата Чаша со убрусот, ја целива Светата Чаша и вели:
Еве, се допре до моите усни, и ќе ги земе беззаконијата мои, и гревовите мои ќе ги очисти.
Потоа го повикува ѓаконот, велејќи:
Ѓаконе, пристапи.
Ѓаконот пристапува и се поклонува, велејќи:
Еве, пристапувам кон Христа, бесмртниот Цар и Бог наш. Преподај ми, Владико, чесна и пресвета Крв на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос.
Свештеникот говори:
Се причестува работ Божји, ѓаконот (името) со чесната и света Крв на Господ и Спасител наш Исус Христос, за отпуштање на гревовите и за живот вечен.
Свештеникот, кога ѓаконот ќе се причести, вели:
Еве се допре до усните твои, и ќе ги земе беззаконијата твои, и гревовите твои ќе ги очисти.
Свештеникот ја остава Светата Чаша и ги раздробува преостанатите два дела на Светиот Агнец (НИ и КА) на ситни честички за да има доволно за сите причесници, па ги става во Светата Чаша и ја покрива.
Тогаш се отвораат царските двери, а ѓаконот, поклонувајќи се еднаш, со побожност ја прима Светата Чаша од свештеникот, доаѓа до дверите и подигнувајќи ја кон народот, говори:
Со страв Божји, вера и љубов, пристапете.

Dejan.Bogojavlenie.jpg
Народот:
Благословен е Оној, Кој доаѓа во името Господово; Бог е Господ и ни се јави.
Тогаш пристапуваат верните и по свештеникот ја говорат молитвата пред Светата Причест: Верувам, Господи, и исповедувам... и така се причестуваат: врвејќи еден зад друг и поклонувајќи се со стравопочит и со рацете прекрстени на градите, пристапуваат кон свештеникот, изговарајќи го своето име, и секој ги прима божествените Тајни; а свештеникот, причестувајќи ги, за секој посебно говори:
Се причестува чедото Божјо (името) со чесното и пресвето Тело и Крв на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос, за отпуштање на гревовите и за живот вечен.
Ѓаконот на секого му ги забришува усните со убрусот, а причесникот ја целива Светата Чаша и, поклонувајќи се, врви. Народот за тоа време пее:
Тело Христово примете, Изворот на животот вкусете Го; вкусете и видете колку е благ Господ...
По причестувањето свештеникот влегува во олтарот и ги остава Светите Дарови на Светиот Престол.
Ѓаконот тогаш го зема со левата рака Светиот Дискос и од него ги става во Светата Чаша преостанатите честички, говорејќи:
Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на Светиот Господ Исус, единствениот безгрешен. На крстот Твој му се поклонуваме, Христе, и светото воскресение Твое го воспеваме и славиме; зашто Ти Си Бог наш, освен Тебе друг не знаеме, Твоето име го призиваме. Дојдете сите верни, да му се поклониме на светото Христово воскресение. Зашто, ете, преку крстот дојде радоста за сиот свет. Секогаш благословувајќи го Господа, да го воспеваме Неговото воскресение; зашто претрпувајќи распнување, со смрт смртта ја разруши.

Блескај, блескај, Нов Ерусалиме,
зашто слава Господова на Тебе засветли.
Ликувај, сега, и весели се Сионе;
Ти, пак, Чиста, торжествувај, Богородице,
за воскресението на Породот Твој.
О велика и најсветла Пасхо, - Христе!
О Мудрост и Слово Божјо, и Сило!
Дај ни со Тебе редовно да се причестуваме,
во безвечерниот ден на Твоето Царство.
Ѓаконот, бришејќи го внимателно Светиот Дискос над Светата Чаша, вели:
Измиј ги, Господи, со Твојата света Крв, гревовите на сите овде спомнати, по молитвите на Твоите светии.
Ако нема причесници, собирањето на светите честички во Светата Чаша ѓаконот го врши веднаш по причестувањето на свештенослужителите, говорејќи ги притоа истите тропари и зборовите: Измиј ги, Господи..., па ја покрива со покровецот Светата Чаша, а ѕвездичката и другите покровци ги средува на светиот дискос.
Свештеникот тогаш го благословува народот и возгласува:
Спаси го, Боже, Твојот народ и благослови го Твоето наследство.
Народот:
Ја видовме вистинската светлина;
Го примивме Духот Небесен;
Ја најдовме вистинската вера,
поклонувајќи Ü се на неразделната Троица,
зашто Таа нé спаси нас.
Свештеникот кади пред Светиот Престол, тивко говорејќи:
Се вознесе на Небесата, Боже, и по сета земја, Твојата слава.
Тогаш го зема светиот дискос, во висина на главата на ѓаконот му го подава, а ѓаконот, држејќи го побожно кон светите двери, оди кај Предложението и го остава. Свештеникот, поклонувајќи се, ја зема Светата Чаша и тивко говори:
Благословен е нашиот Бог,
па, свртувајќи се кон народот, продолжува гласно:
постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Народот:
Амин. Да се исполнат нашите усти со пофалба кон Тебе, Господи, за да ја пееме Твојата слава, оти нé удостои да се причестиме со Твоите свети, божествени, бесмртни и животворни Тајни; сочувај нé во Твојата светиња, везден да се поучуваме на правдата Твоја. Алилуја, Алилуја, Алилуја.
Свештеникот оди кај Предложението, ја остава Светата Чаша, се враќа кај Светиот Престол и го дипли антиминсот.
Ѓаконот излегува, застанува на вообичаено место, и говори:
Откако ги примивме простум божествените, свети, пречисти, бесмртни, небесни и животворни, страшни Христови Тајни, достојно да Му благодариме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нé, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Испросувајќи цел ден совршен, свет, мирен и безгрешен, самите себе, еден друг, и сиот живот наш на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.
Свештеникот ја говори благодарствената:

МОЛИТВА ПО ПРИЧЕСТУВАЊЕТО НА СИТЕ
Ти благодариме, човекољубив Владико, добротвору на нашите души и тела, што и во денешниов ден нé удостои со Твоите небески и бесмртни Тајни. Исправи го нашиот пат, сите нас утврди нé во стравот Твој, сочувај го нашиот живот, утврди ги нашите чекори, по молитвите и молењата на славната Богородица и секогаш Дева Марија и сите Твои Светии.
Возглас:
Зашто Ти Си осветување наше, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Притоа свештеникот го зема Светото Евангелие, прави крсен знак над светиот антиминс и врз него го поставува. Потоа се свртува кон народот и говори:
Во мир да излеземе.
Народот: Во името на Господа.
Ѓаконот: на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Свештеникот излегува, застанува зад амвонот и гласно говори

ЗААМВОНА МОЛИТВА
Господи, Ти Кој ги благословуваш оние што Те благословуваат и ги осветуваш оние, што се надеваат на Тебе, спаси го Својот народ и благослови го Твоето наследство, полнотата на Твојата Црква запази ја, освети ги оние што ја љубат убавината на Твојот Дом; Ти нив прослави ги со Твојата божествена сила, и нас, кои на Тебе се надеваме, не нé оставај; дарувај му мир на Твојот свет, на црквите Твои, на свештениците, благочестивите и православни христијани, и на сите луѓе Твои. Зашто секое добро давање и секој совршен дар е одозгора, слегува од Тебе, Отецот на светлините, и Тебе слава и благодарност и поклонение Ти вознесуваме, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.

Народот:
Амин. Името Господово нека е благословено, од сега и довек. (трипати)
Додека се чита заамвоната молитва, ѓаконот држејќи го орарот, со приклонета глава стои од десната страна пред иконата на Господ Христос; по завршувањето на молитвата, влегува низ северната врата. Свештеникот, пак, влегува низ царските двери и одејќи кај Предложението, тивко ја говори оваа молитва:
 Се исполни и се изврши според нашите сили, Христе Боже наш, Тајната на Домостројот Твој: зашто си спомнавме за Твојата смрт, го видовме и образот на Твоето воскресение, се исполнивме со Твојот бесконечен живот, се насладивме со Твојата непропадлива храна, со која, благоволи да се удостоиме и во идниот век, по благодатта на беспочетниот Твој Отец и Светиот, и благ, и животоворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Потоа ѓаконот ги употребува Светите Дарови со страв и секоја предострожност.
Свештеникот излегува и дели нафора. И откако ќе го раздаде антидорот (нафората), го благословува народот, велејќи:
Благословението Господово да дојде на вас, преку Неговата благодат и човекољубие, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Свештеникот:
Слава Ти, Христе Боже, надеж наша, слава Ти.
Народот:
Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Господи, помилуј; Господи, помилуј; Господи, помилуј, оче, благослови.
Свештеникот дава отпуст вака:
ако е недела говори:
Воскреснатиот од мртвите, -
а ако не е недела:
Христос вистинскиот Бог наш, по молитвите на Својата Света и Пречиста Мајка, светите славни и сефални Апостоли, светиот отец наш Јован, архиепископ цариградски Златоуст, светиот (името на храмовиот светител), на светите и праведни богоотци Јоаким и Ана, и на сите Светии, да нé помилува и спаси како благ и човекољубив.
Народот: Амин.
Свештеникот влегува во светиот олтар и ги говори молитвите по светото причестување.
Откако ќе ги заврши овие молитви, свештеникот ги симнува свештените одежди, говорејќи:
Сега го отпушташ во мир слугата Свој, Господи, според зборовите Твои, зашто го видоа очите мои Твоето Спасение што Си го приготвил пред лицето на сите народи, светлост за просветлување на незнабошците и за слава на Твојот народ Израил.
Трисвето; Пресвета Троице; Оче наш
Тропарот на Свети Василиј Велики (глас 1).
По сета земја излезе кажувањето твое...
кондак (глас 4) Подобен на: Си се јавил...
Небо блескаво на Црквата...
Господи, помилуј. (12 пати)
Почесна од Херувимите
и неспоредливо пославна
од Серафимите;
Бога Слово девствено што Го роди,
Тебе вистинската Богородица, ние Те величаме.
Слава... И сега... Отпуст.
Ѓаконот, откако ќе ги употреби Светите Дарови со секоја предострожност за да не падне или остане и најситна честичка, го мие Светиот Путир со вино и вода, ја собира сета влага, па ги средува светите садови, ги покрива и ги остава на определено место, па и тој ги симнува одеждите и говори исто што и свештеникот. Потоа ги мијат рацете на определено место, заедно се поклонуваат и излегуваат, благодарејќи за сé на Бога.
Крај на Божествената Литургија
на Свети Василиј Велики.

Dejan.Bogojavlenie.jpg

 Dejan.Bogojavlenie.jpg

Dejan.Bogojavlenie.jpg

Preminportal

(Фото: Лето Господово 2012)

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6412
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5607
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная