Преполовение на Педесетницата - Премудрост Божја

Hristos.Sudija.jpgВо средината на четвртата недела, свечено се одбележува денот што паѓа на половината на периодот од Велигден до Педесетницата. Во тој ден Христос дојде да ги поучи луѓето на Својата спасителна мисија и на сите да им ја понуди водата на вечниот живот. Господ уште еднаш не потсетува на своето присуство и на даденото ветување: Кој е жеден нека дојде кај Мене и нека пие (Јн. 7, 37). Ние, исто така, си споменуваме на нашата смрт и воскреснувањето во Христа, на нашето крштавање, си споменуваме за примањето на Светиот Дух, во нашето миропомазание, то ест, како што се говори во едно од песнопеењата на празникот, ние се огледуваме на едното и го предвкусува-ме другото. Ние го вкусуваме тоа Царство на Воскреснатиот Христос, каде што:


И Духот и невестата велат: Дојди ! И кој чуе нека каже: Дојди! И кој е жеден нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум.

(Откровение 22:17)


На Преполовение на Празникот, мојата ожедната душа напој ја со водата на побожноста, како што на сите,  Спасителу им говореше:
Кој е жеден нека дојде при мене да пие. Извору на нашиот живот, Христе Боже, слава Ти (тропар).


Кога старозаветниот празник Педесетница се преполови, Ти Христе Боже, Создателе и Владико на се, им рече на тие коишто беа околу Тебе: Дојдете и нацрпете вода на бесмртност. Затоа паѓаме пред Тебе и со вера Ти извикуваме: Дај ни ги Твоите добрини, зашто Ти си изворот на нашиот живот.

(Кондак)

 


 

 

 

 

 samarjankata.jpg

Самарјанката

Петтата недела по Велигден е посветена на жената самарјанка со која Хрисгос зборувал покрај бунарот на Јакова (Јн. 4). Тема на денот повторно е живата вода и препознавањето на Исуса како Месија. Нам ни се напоменува за новиот живот во Него, за нашето лично пиење на живата вода, и за нашето лично поклонување на Бога во Дух и Вистина. И ние, исто така. со свои очи гледаме дека спасението им се дава на сите: јудеите и јазичниците, мажите и жените, светите и грешните.

nerezi.Pantelejmon18.jpg

Оздравување на слепородениот

Во шестата недела се раскажува за оздравувањето на слепородениот (Јн. 9). Исус ги намачкал неговите очи со прашина од патот, натопена со плунка и му рекол да оди да се измие во бањата Силоам. Ова оздравување се случило во саботен ден кога такви дејствиа биле строго забранети. Нарушувајќи ги старозаветните закони, Христос покажал дека Тој навистина Самиот се јавува како Господар на саботата, како равен на Бога Отецот, бидејќи спрема јудејското предание, само Бог работи и во сабота, управувајќи со светот.
Целата Црква го следи овој човек во неговата вера, знаејќи дека тие што не го гледаат Исуса како Господ, всушност се слепи и се уште се во своите гревови (Јн. 9, 41). Другите ја имаат светлоста на животот и можат да го видат и познаат Синот Божји, зашто го гледаш и тој со кого зборуваш, Тој е (Јн. 9, 37).
Тебе Ти приоѓам Христе, ослепен со духовните очи, како слеп од раѓање, и во покајание викам: Ти си светлина на тие што се темница.

Blaga.odanie.jpg

(Продолжува)

 

Друго: