СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН

Псалм  11.  Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи, помогни ми!

sv.efrem.sirin2.jpg
Никој не може да ја излекува мојата болест, освен Оној, Кој ги познава длабочините на срцето.
Колку пати си поставувам растојанија и подигам прегради помеѓу себе и гревот! Но мислата ги прескокнуваше преградите и волјата моја ги поткопуваше ѕидовите, - бидејќи растојанијата не беа опкружени со страв Божји и ѕидовите не беа подигнати на искрено покајание!


И ете пак: чукам на вратата, за да ми биде отворена. Не престанувам да се молам да го добивам посакуваното! И не знам за срам, за даго досегнам помилувањето од Тебе, Господи!
Господи, Спасителу мој! Зошто си ме оставил? Смили се над мене, Ти, единствен човекољубец! Спаси го грешникот, Ти единствениот безгрешен!


Извлечи ме од тињата на моите беззаконија, за да не потонам во нив за навек! Извлечи ме од челустите на ѓаволот, кој како лав ме обиколува и рика, сакајќи да ме голтне. Дигни ја силата Своја и дојди да ме спасиш! Блесни со Твојата молнја и распрсни ја силата на ѓаволот, та поразен од стравот да избега од Твоето лице!

Бидејќи  тој нема сила да стои пред Тебе и пред лицето на оние кои Те љубат. Штом ќе го види знакот на Твојата благодат, тој паѓа во трепет од Тебе и бега далеку.
И сега, Владико, спаси ме, бидејќи кон Тебе прибегнав!


Подготви: С. Тежак

 

 

 

ПП