логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

(Обновено)

Великиот пост: Великиот Покаен Канон на св. Андреј Критски

Во самиот почеток на Великиот пост, како исходен тон со кој се определува сета великопосна мелодија, Светата Црква ни го предлага Великиот покаен канон на св. Андреј Критски. Тој е поделен на четири дела и се чита на Велико Повечерие, на вечерна, во првите четири дена од Постот. Тој може да се опише како плач кој пред нас ја открива сета огромност, сета бездна на гревот, и ја потресува душата со очај, покајание и со надеж.

Со голема умешност св. Андреј ги преплетува големите образи – Адам и Ева, рајот и падот во грев, патријархот Ное и потопот, царот Давид, Ветената Земја и, пред сè и над сè, Христа и Црквата – со исповедање на гревовите и со покајание. Настаните од Свештената историја се изнесени како настани од мојот живот, Божјите дела во минатото како дела коишто се однесуваат на мене и на моето спасение, трагедијата на гревот и промените што следеле – како моја лична трагедија. Мојот живот ми се прикажува како дел од таа голема, сеопфатна борба меѓу Бог и силите на темнината коишто стануваат против Него.  

Канонот започнува со длабок личен крик: Од што да почнам да ги оплакувам проколнатите дела на мојот живот? Како да го отпочнам, Христе, денешното ридание?

Еден по друг се откриваат моите гревови, длабоко поврзани со сета долготрајна трагедија на односот на човекот спрема Бога; историјата на првиот пад во грев – е моја лична историја: Јас го извршив престапот на првосоздадениот Адам; знам дека сум одвоен од Бога и од Неговото вечно Царство поради моите гревови... Јас сум тој што ги изгубив божествените дарови. Јас ја осквернив одеждата на мојата плот, го осквернив, Спасе, она што било по образот и по подобието. Сега ја искинав првата моја одежда, којашто во почетокот ја исткал за мене Творецот, и затоа сум гол...   

И така, во текот на четири вечери деветте песни од Каннот повторно и повторно зборуваат за духовната историја на светот, којашто истовремено е и историја на мојата душа. Збровите од Канонот ме повикуваат на одговор, зашто тие зборуваат за минати настани и дела, чија смисла и сила се вечни, зашто секоја човечка душа – единствена и неповторлива – го изминува истиот пат на искушение, стои пред истиот избор, се среќава со истата највисока и најважна реалност. Значењето и целта на Великиот канон се состојат токму во тоа, да ни ги откријат гревовите и да доведат до покајание.  

Но, тој не ни ги открива гревовите како конкретни и наброени, туку како некакво длабоко созерцување на библиската историја, којашто навистина е историја на гревот, на покајанието и на проштевањето. Канонот во нас го возобновува она духовно чувствување на светот, во кое покајанието станува возможно. Кога, на пр., слушаме: Јас не се уподобив, Исусе, на правдата на Авел, никогаш не сум Ти принел пријатен дар, ниту дела божествени, ниту чиста жртва, ниту безгрешен живот... – ние сфаќаме дека историјата на принесувањето жртви, така лаконски спомената во Библијата, ни открива нешто основно во нашиот сопствен живот, нешто основно во самиот човек. Нам ни станува јасно дека гревот, пред сè, е откажување од живот како принесување дар, како жртва на Бога. Или, со други зборови, откажување од живот за Бога и според Божји паравила. И благодарение на тоа откритие станува можно да се искажат зборови бескрајно оддалечени од современото животно искуство, но коишто треперат со најдлабока правда: О, Создателе мој, Избавителу мој и Судијо мој, прими ме мене, покајникот. 


Ете зошто посниот пат започнува со враќање кон исходната точка, кон создавањето на светот, кон падот во грев, кон искупувањето, кон оној свет во кој сè зборува за Бога, во кој сите нешта ја рефлектираат Божјата слава, свет во кој сè што се случува, сите настани, се непосредно сврзани со Бога, свет во кој човекот ги наоѓа вистинските мерила на својот живот и, наоѓајќи ги, се кае.  

Православие и Мир
www.pravmir.ru/article_428.html

 

Подготви: д- р Драган Михајловиќ

 

Друго:

Велики пост : Во понеделник- Големиот покаен канон на св. Андреј Критски

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 762
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1040
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 989
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…