monahinja.kandilo2.jpg
 02 март 2009 г.

Да го започнеме, луѓе, непорочниот пост, кој е на спасение на душите. Да му служиме со страв на Господа: да ги помажеме главите со елејот на милостињата, да ги измиеме лицата со водата на чистотата; да не празнословиме со зборовите во молитвата, но како што научивме... Отче наш, Кој си на небесата, прости ни ги согрешенијата наши, зашто си Човекољубец.
Утрена, Чист Понеделник

 

sv.efrem.sirin2.jpg Поуки од Светите отци: Еве сега е денот на спасението, еве сега е време благопријатно (2.Кор. 6,2). Сега настана време кога се примаат молитвите и молењата.
 Царството Божјо е сега близу секому кој Му служи на Бога и на правдата, затоа што настанаа денови на чесен пост за оној кој навистина во чистота пости.
Свети Ефрем Сирин

 Молитва:
 Господи, на почетокот на времето на овој свет пост, стремејќи се повторно да Те најдеме, помогни ни, молитвите на нашето срце, мислите на нашиот ум и зборовитена нашите усти секогаш да Ти бидат угодни. Помогни ни постот да го одржиме и укрепи нè да го завршиме она кон кое се стремиме, во слава на Името Твое. Амин.

 Читања од Светото Писмо:
 Исаија 1, 1-20
 Битие 1, 1-13
 Соломонови Изреки 1, 1-20

  Созерцание: Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица.
Иса. 1, 16-17

 

 Подготви: А.Л.