НЕДЕЛА СИРОПУСНА

О6 март  2021 г.


Izgonuvawe.odrajot.jpg

 Стихови:

Светот горчливо нека заплаче со родоначаниците:

Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна.

Во овој ден правиме спомен на паѓањето на првосоздадениот Адам од рајската храна, што божествените отци наши го определија пред почетокот на светата Четириесетница, за да покажат со тоа колку на човековата природа и е потребен постот како средство за лекување, а и колку е гнасно лакомството и непослушноста. Со примерот на Адама светите отци сакаат и нам да ни покажат колку се кобни последиците од невоздржаноста и непослушноста. Адам, јадејќи од забранетиот плод, мислеше дека ќе стане бог. Но, не само што не стана тоа, туку и смртта си ја навлече, а и пропаст на целиот род. И токму поради јадењето на првиот Адам, Господ постеше четириесет дена и беше послушен, и токму поради тоа и сегашниов пост е предложен од светите апостоли, па запазувајќи го она што Адам не го запази, преку постот повторно да ја стекнеме нераспадливоста што тој ја загуби. Впрочем, како што веќе рековме, целта на светите е за малку време да ги придобиеме делата Божји од почетокот до крајот и, бидејќи сите на апостолите изложуваат како се случи проповедта и како таа ги собра сите светии, бидејќи Делата (на апостолите) го потврдуваат Воскресението, преку чудесата.

Бидејќи, значи, ние поднесовме такви страдања поради фактот што Адам, само еднаш, не постел, ете и ние сега се потсетуваме на тоа, на почетокот од светиот Пост, со цел, сеќавајќи се на сето зло што ни го навлече непостењето, да побрзаме со радост да го дочекаме Постот и да го практикуваме. Тогаш, она што Адам не успеал да го достигне, а тоа е обожувањето, ќе го добиеме ние, преку постот, плачејќи, постејќи и смирувајќи се, додека Бог не дојде да не посети, бидејќи без тоа не е лесно да го најдеме повторно тоа што сме го загубиле.
Освен тоа, треба да знаеме дека овој свет и голем Пост е десетокот (данокот) за целата година; всушност, бидејќи поради мрзливост не сакаме секогаш да постиме и да се воздржуваме од злото, апостолите и светите отци ни довериле нешто како жетва на душите. На тој начин, сето зло што сме го направиле во текот на годината, сега ние го отфрламе преку покајание и смирение, преку овој пост што треба да го држиме колку што е можно постриктно. Но, божествените отци ни предале и други три поста: Апостолскиот, Богородичниот (Успенскиот) и Божикниот, односно четири пости - по еден за секое годишно време. Но овој пост ние најмногу го цениме поради Страдањето, или затоа што и самиот Христос го запазил, давајќи му извесна слава, или затоа што Мојсеј, откако постел 40 дена, ги примил Десетте Божји заповеди; да помислиме, исто така и на Илија, на Даниил и на сите оние што биле опитни пред Бога. А дека постот е добар, докажува Адам со спротивното. Поради оваа причина и светите Отци не потсетуваат на изгонувањето Адамово.
Со Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, удостој не и нас за рајската наслада и, како единствен човекољубец, помилуј не. Амин.

 

Извор: ПОСЕН ТРИОД

 

1. СИНАКСАР - Не спомнувај ги гревовите на умрените, ...

Издавач: МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија

Превод: преводот и препев од црковнословенски јазик, го направи   д-р Јован Таковски

 Друго:

takovski.jovan9.jpg
Интервју со протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски