sv.Kiprijan.Justina.jpgКоднак 1

Од ѓаволското служење на служењето на вистинитиот Бог одбран и од ликовите на светите придружен, свештеномаченику Кипријане, моли Го Христа Бога да не избави од мрежите на лукавиот, да го победиме светот, плотта и ѓаволот ние кои ти воскликнуваме:
Радувај се, свештеномаченику Кипријане, брз помошнику и молитвенику за спас на душите наши!

Икос 1

Ангелските сили се восхитија кога од вештините волшебнички се обрати, богомудар, кон познание на Божественото и со покајание ангелски бестрастен живот стекна. Ние кои на обраЌањето се восхитуваме твое, ти пееме вака: Радувај се ти, кој со обраЌањето свое ангелите ги восхити; радувај се ти, кој ликовите на светите ги израдува; радувај се ти, кој мудроста своја ја покажа; радувај се ти, кој за Христа венец прими; радувај се, на злите духови изгонителу; радувај се, од болестите исцелителу; радувај се, свештеномаченику Кипријане, брз помошнику и молитвенику за спас на душите наши!

Кондак 2

Од вештините волшебнички се обрати, богомудар, кон познание на Божественото, на светот се покажа како лекар најмудар, дарувајќи им исцеление на оние кои те почитуваат, моли се, Кипријане, со Јустина, на Човекољубецот Владика за спас на душите наши, кои ти пееме: Алилуја.

Икос 2

Разум несовршен за разбирање на вистината Божја имаше, во заслепеноста незнабожечка беше, лукавствата демонски ги изучуваше и во тоа се потруди. Но вразумувајЌи се и од Крстот Господов плашејќи се, немоќите демонски ги позна па од служењето на лукавиот се обрати и кон храмот Господов побрза, па затоа ти воскликнуваме: Радувај се ти, кој лукавствата демонски ги изучи; радувај се ти, кој прелестите на служење на ѓаволот ги разобличи; радувај се ти, кој змијата лукава ја посрами; радувај се ти, кој мудреците на овој свет ги надмудри; радувај се, поразумен од најразумните; радувај се, свеШтеномаченику Кипријане, брз помоШнику и молитвенику за спас на душите нашШи!

Кондак 3

Силата на Вишниот го просветли умот твој, Кипријане, и кога немаШе успех во маѓиите на Аглаид кај Јустина, злите духови ти рекоа: ние од крстот се плаШиме и силата своја ја губиме заШто Јустина се брани со молитва. А ти им рече: ако вие од крстот се плаШите, колку тогаШ е постраШен на крстот Распнатиот, и познавајЌи ја слабоста демонска влезе во храмот Господов, пеејќи со сите верни: Алилуја.

Икос 3

Ум просветлен со силата на Вишниот имајќи, отиде Кипријан кај епископот молејќи за крштевање, но овој, плашејќи се, се одрече. Светиот пак, во храмот Господов отиде и на Литургија стоеше и од храмот не излезе кога ѓаконот возгласи: “огласени излезете”. “Не излегувам од храмот”, му рече Кипријан на епископот, “додека не ме крстиш”. Радувајќи се на вразумувањето твое, ти пееме вака: Радувај се, со силата на Вишниот просветлен; радувај се, од Господа вразумен; радувај се ти, кој силата на крстот ја позна; радувај се ти, кој демоните од себе ги изгони; радувај се ти, кој животот свој го исправи; радувај се ти, кој чекорите кон Црквата ги усмери; радувај се, свеШтеномаченику Кипријане, брз помоШнику и молитвенику за спас на душите наши!

Кондак 4

Бура на помисли те носеше: како да го примиш светото крштевање. И ги зеде книгите волшебнички свои, свет, среде градот ги стави и ги запали, пеејќи Му на Бога: Алилуја.

Икос 4

Епископот, откако слуШна за тебе и за благата намера твоја дека во Христа се облекуваш, те крсти и за чтец во храмот Божји те постави. Заради тоа ти воскликнуваме вака: Радувај се, на духовите на злобата победителу; радувај се ти, кој волшебничките книги ги запали; радувај се ти, кој посака христијанин да постанеш; радувај се ти, кој за чтец во храмот беШе поставен; радувај се, свештеномаченику Кипријане, брз помошнику и молитвенику за спас на душите наши!

Кондак 5

Богоисткаената облека на светото крштевање примајќи ја, Кипријане, срдечно на Бога се молеше за простување на гревовите порано направени, непрекинато пеејЌи Му на Бога: Алилуја.

Икос 5

И ги виде епископот подвизите и трудовите твои, свештеномаченику Кипријане - пост, сеноќно бдение, коленопреклонение и молитви со солзи - и кога помина еден месец, за Ѓакон те постави. Ние, на Бога благодарни, те фалиме: Радувај се ти, кој дење и ноЌе Бога си го повикувал; радувај се ти, кој рацете свои кон Него си ги испружил; радувај се ти, кој за простување Негово си молел; радувај се ти, кој солзни молитви си Му принесувал; радувај се ти, кој пламена љубов спрема Бога си покажал; радувај се, свеШтеномаченику Кипријане, брз помоШнику и молитвенику за спас на душите наши!

Кондак 6

Вистината Христова си ја проповедал, славен свештеномаченику Кипријане, боговидците Апостоли си ги подражавал и со Христовото учење луѓето си ги просветлувал, а тие познавајќи Го Господа Исуса Христа Му пејат на Бога: Алилуја.

Икос 6

Засветли во срцето твое светлината на Божествената благодат, Кипријане, те вознесе на височината на духовното соврШенство, чин свеШтенички достигна, а најпосле и за епископ беШе посветен. Заради тоа, со молитвите твои пред Господа просветли ги и срцата наШи кои топло ти се молат: Радувај се ти, кој за епископ беШе посветен; радувај се ти, кој на височините на орел беШе вознесен; радувај се граду, кој на врв на гора стоиШ; радувај се, светилнику кој пред Бога гориШ; радувај се, молитвенику пред Бога неуморен; радувај се, учителу од Бога даруван; радувај се, свеШтеномаченику Кипријане, брз помоШнику и молитвенику за спас на душите наши!

Кондак 7

СакајЌи сите да се спасат, Човекољубецот Господ ни дарува прекрасен молитвеник, застапник и исцелител од духовите на злобата поднебесна, со делата и зборовите твои многумина си ги приведувал кон покајание и исправување на животот, учејЌи ги сите да му пејат на Бога: Алилуја.

Кондак 7

 Нов најмудар исцелител на светот си, свештеномаченику Кипријане, зашто на молитвата твоја никакви магијски дела не можат да се спротистават, туку веднаШ се униШтуваат и изгонети се, ако злите луЃе и лукавите бесови на нас ги усмериле. Ние кои во тебе видовме таква сила Божја, ти воскликнуваме вака: Радувај се, уништувачу на лукавствата на вражачите; радувај се, прогонителу на страшШните бесови; радувај се ти, од кого духовите на злобата како чад исчезнуваат; радувај се ти, кој оние што тешико се мачат брзо ги ослободуваШ; радувај се, од несреЌа и тага избавителу; радувај се, на страдањата во радост преобразителу; радувај се, свеШтеномаченику Кипријане, брз помоШнику и молитвенику за спас на дуШите наШи!

Кондак 8

Големо чудо им се јавува на оние кои со вера ти притекнуваат, свеШтеномаченику Кипријане, заШто со благодатта која од Бога ти е дадена се изгонуваат нечистите духови, мачителите на човекот, демоните се изгонуваат, а болните се исцелуваат, пеејЌи Му на Бога: Алилуја.

Икос 8

Со цело срце на Бога си се предал и со сета дуШа Него си го возљубил, сета твоја ревност и желба кон исполнување на волјата Негова си ја усмерил, и како пастир добар притиснатите со несреЌа не си ги отфрлил, молејЌи се за нив пред Бога да им дарува исцеление и утеха. Ние пак, со љубовта твоја спрема Бога фалејЌи се, ти се молиме вака: Радувај се ти, кој Христа со цело срце го засака; радувај се ти, кој со добродетел си исполнет; радувај се, на болните и раслабените помоШнику; радувај се, во жалоста и тагата утеШителу; радувај се ти, кој наговорите и искуШенијата кои од светот, плотта и Ѓаволот доаЃаат ги изгонуваШ; радувај се, на сите болести дуШевни и телесни исцелителу; радувај се, свеШтеномаченику Кипријане, брз помоШнику и молитвенику за спас на дуШите наШи!

Кондак 9

Целата војска ангелска се израдува гледајЌи те тебе, Војник на Царот небесен, како непоколебливо и со смелост Христа го исповедаШ кога изведен беШе на посекување со меч заедно со Јустина. Ти тогаШ, плаШејЌи се за неа да не се одрече од Христа кога Ќе те види исечен, ги убеди мачителите прво неа, а потоа тебе да те исечат; и подметнувајЌи ги главите свои под меч на Бога Му запеавте: Алилуја.

Икос 9

Ни сите речити говорници не Ќе смогнат како доликува да ги воспеат страдањата ваШи за Христа, кога не се уплаШивте од заканите теШки; со светли лица се претставивте на судот на царот, подигнувајЌи ги сите верни да ви запејат вака: Радувајте се, на верата Христова непоколебливи исповедници; радувајте се, на Пречиста Троица смели проповедници; радувајте се вие, кои мачењата теШки со ниШто не би ги замениле; радувајте се вие, чии страдања се величаат во храмовите Божји; радувај се, свеШтеномаченику Кипријане, брз помоШнику и молитвенику за спас на дуШите наШи!

Кондак 10

СакајЌи да ги спасиШ дуШите на сите со нечисти духови обземени, не си престанувал да се молиШ пред Господа, свеШтеномаченику Кипријане, тебе ти се даде благодат да се молиШ за нив, помилувани и очистени да Му запејат на Бога: Алилуја.

Икос 10

Карпа цврста и крепка ограда биди ни на нас, свеШтеномаченику Кипријане, од непријателите видливи и невидливи, со топла вера и љубов кон тебе притекнуваме оградени и спасени од тебе вака да ти запееме: Радувај се ти, кој со смирение духовите на злобата ги победи; радувај се ти, кој со огнот на молитвата стрелите непријателски ги запали; радувај се ти, кој си ограда и карпа пред непријателите видливи и невидливи; радувај се, на Православната Црква преславен украсу; радувај се, на оставените од лекарите прекрасен помоШнику; радувај се, сакан утеШителу на оние кои тагуваат; радувај се, свеШтеномаченику Кипријане, брз помоШнику и молитвенику за спас на дуШите наШи!

Кондак 11

Пеење непрекинато на Пресвета Троица повеЌе од другите си принесувал, свеШтеномаченику Кипријание, за Господова милост спрема паднатите во грев, Кој благоволи недостојниот достоен да го направи и на светото стадо Свое да го придружи. Ние, благодарејЌи Му на Бога за милоста таква, спрема нас греШните, Му воскликнуваме: Алилуја.

Икос 11

Светлозарна свеќа беШе, богомудар, во Црквата Христова, осветлувајЌи ги со невештествена светлина дуШите на верните. Осветли ги и наШите, од гревот отежнати, срца, кои вака ти пејат: Радувај се, зашто Господ милоста Своја спрема паднатите во грев и на тебе ја покажа; радувај се, кога од темнината на гибелта како овца заблудена најде излез; радувај се ти, кој од недостоен достоен постана; радувај се ти, кој на светото стадо Христово си придружен; радувај се ти, кој со светлина невеШтествена дуШите ги осветлуваШ; радувај се ти, кој заблудените на вистински пат ги усмеруваШ; радувај се, свеШтеномаченику Кипријане, брз помошнику и молитвенику за спас на душите наШи!

Кондак 12

Благодатта ти е дадена од Бога да ја сотреШ силата непријателска и секој напад на сатаната, зашто непријателите свои си ги победил и маченичка смрт си достигнал; и сега, пред престолот на Царот на славата стоејќи, моли се за нас да се избавиме од робувањето на демонот, и спасени да му воскликнеме на Бога: Алилуја.

Икос 12

ПеејЌи за ревноста твоја кон Бога, прекрасните и преславни чудеса твои, те величаме и те славиме, свештеномаченику Кипријане, кој таква благодат од Бога прими, те молиме, кога во часот на смртта демонската војска Ќе ги опкружи душите наши, јави ни ја помошта своја избавени од тебе да те повикаме вака: Радувај се, од наметливите сили брз заштитнику; радувај се, од жалост и тага спасителу; радувај се ти, кој Христа до заврШетокот си го засакал; радувај се ти, кој душата своја за Него си ја положил; радувај се, во крвта на Агнецот измиен; радувај се ти, кој во дворовите Господови си се населил; радувај се ти, кој на светиот собор си се придружил; радувај се ти, кој си озарен со Трисолнечна светлина; радувај се, свеШтеномаченику Кипријане, брз помоШнику и молитвенику за спас на душите наши!

 

 

Кондак 13

О, прекрасен и преславен угоднику Божји, свеШтеномаченику Кипријане, брз помоШнику на сите кои тебе ти прибегнуваат, прими го од нас ова недостојно пофално пеење, од болести да се исцелиме, од непријателите видливи и невидливи да се одбраниме и од вечното мачење да се избавиме, Господа умоли Го со тебе да пееме: Алилуја (три пати).
(Овој кондак се чита три пати, потоа повторно се чита Икос 1 и Кондак 1; и се чита Молтивата).

Молтива кон свештеномаченикот Кипријан

О, свет угоднику Божји, свеШтеномаченику Кипријане, брз помоШнику и молитвенику за сите кои тебе ти притекнуваат, прими ја од нас недостојните оваа пофалба и измоли ни кај Господа Бога во немоЌта закрепнување, во болеста исцелување, во жалоста утеха и на сите се Што е корисно во наШиот живот. Вознеси ја кон Господа благомоЌната молитва твоја и огради не од падовите наШи гревовни, за да не научи на вистинско покајание, да не избави од робувањето на демонот и секое дејство на духовите нечисти и од оние кои неправда ни нанесуваат. Биди ни крепок заШтитник од сите непријатели видливи и невидливи, во искуШението дај ни трпение и во часот на смртта наШа биди ни помоШ кај мачителите на воздуШните митарства, водени од тебе да го достигнеме Горниот Ерусалим, и удостој не во Царството Небесно со сите свети да Го славиме и да Му пееме на Сесветото Име на Отецот и Синот и Светиот Дух во вечни векови. Амин.

Молитва за заштита од нечиста сила

Господе Исусе Христе, Сине Божји, огради ме со светите Твои ангели, со молитвите на Сепречистата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, со силата на Чесниот и Животворен Крст, светиот Архистратиг Божји Михаил и останатите небесни сили бесплотни; светиот Пророк и Претеча, Крстителот Господов Јован; светиот Апостол и Евангелист Јован Богослов; свештеномаченикот Кипријан и маченичката Јустина; светителот Николај, архиепископот Мириклијски чудотворец; светителот Лав епископот Катански, светителот Никита Новгородски; светителот Јосиф Белгородски; светителот Митрофан ВороњеШки; преподобен Сергиј игумен РадоњеШки; преподобен Серафим Саровски Чудотворец; светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајката нивна Софија; светиот маченик Трифун; светите и праведни богооци Јоаким и Ана и сите свети Твои, помогни ми мене, недостојниот раб Твој (името на оној кој се моли) да ме избави од сите напади непријателски, од секое зло, од секоја маЃија, враџба, вражање и од лукави луЃе, да не можат да ми направат никакво зло. Господи, со светлината на Твоето блескање сочувај ме наутро, преку ден, и навечер и кога сон ми доаЃа, и со силата на благодатта Твоја одврати го и оддалечи го секое зло нечисто кое дејствува според наговор на Ѓаволот. Оној кој така мислел и правел - врати го нивното зло назад во пеколот, заШто Твое е Царството, и Силата и Славата, на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.