логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Izbor3.jpg

 Молитви кога сме тажни

hristos.sv.petka.jpg

Кон Господа

Вечен и Милосрден Боже и Многумилостив Оче наш, маките и тешките неволји што ме снашле, страшни ја измачуваат мојата душа. Но, Тебе така Ти било угодно, затоа јас се’ доброволно поднесувам. Сите мои телесни страдања и душевни маки ги трпан и поднесувам како отплата за моите гревови, а за мое спасение. Те молам, Милостив Боже, дај ми трпение и сила за да поднесувам се’ онака како што Тебе Ти е угодно и да се спасам. Амин!

Кон Пресвета Богородица

Пресвета Дево, Мајко на Севишниот Господ, Семилостива Заштитнице и Покровителко на сите што со вера Ти пристапуваат, погледни на мене од височините на Твојата небесна слава, послушај ја мојата смирена молитва и принеси Му ја на Твојот сакан Син. О, Преблагословена Богородице, Ти си Скоропослушница на сите, и Радост на нажалените, послушај ме и мене нажалениот. Ти ги смируваш тагите, смири ги и моите жалови и излекувај ги моите душевни и телесни болести. На Тебе, по Бога, ја полагам сета моја надеж, биди ми Закрилница и силна Застапница пред Твојот Син, Господ наш Исус Христос. Засили ја мојата вера во Него. Утврди ме во Неговата љубов и научи ме да Те сакам и да Те прославувам, Пречиста Мајко Божја, Богородице Марие. Се засолнувам под Твојот свет покров, Пречиста Богородице, закрилувај ме. Амин.
 

 

МОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ


sv.jovankronstatski.jpgГосподи името Ти е -  Љубов :
не отфрли ме мене заблудениот.
Името Ти е – Сила:
оснажи ме зашто сум изнемоштен и паѓам.
Името Ти е – Светлина:
просветли ја душата моја,
помрачена од животните страсти.
Името Ти е  - Мир :
смири ја пометената душа моја.
Името Ти е -  Милост:
не престанувај да ме милуваш.

 

(Продолжува)


ПОУКИ

Izbor3.jpg

Едно нешто е постојано да бдееш над срцето, а друго да бидеш епископ на срцето со посредство на умот кој како началник и архиереј Му принесува словесна жртва на Христа. Влегувајќи во душата на првите, светиот и небесен оган, како што вели еден од оние што го добија името Богослов, ја спалува сета нечистотија што заостанала во неа; а вторите пак, ги просветлува сразмерно на постигнатото совршенство. Истиот оган се нарекува и ’оган кој спалува’ (5 Мој. 4, 24) и ’светлина што просветлува’ (Јован 1, 9). Затоа некои заминуваат од молитва како да излегуваат од вжарена печка, чувствувајќи олеснување од некоја нечистотија и вештество, а други пак, како озарени од светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост. Оние што излегуваат од молитвата без макар едното од овие две дејства, се молеле всушност телесно, да не речам фарисејски, а никако духовно. Телото што стапува во допир со друго тело го трпи неговото влијание и се менува. Како тогаш да не се измени оној којшто со непорочни раце се допира до Телото Божјо?! (Свети Јован Лествичник )

Izbor3.jpg

„Човекот којшто по пат на подвижништво го умртвува своето сетило за вкус, којшто своите чувства ги лишува од сите овоземни наслади и којшто докрај стои наспроти влијанијата на властите на овој свет, ќе го прими уште овде, во овој живот, предвкусот на добрата на Царството Небесно: спокојството на помислите, мирот на срцето, слатките потоци на солзите, вознесувањето на умот, познанието на таинствата, преизобилството од љубовта, созерцувањето на Бог и совршенството, „колку што ѝ е тоа возможно на човечката природа“. Сето тоа е можно по пат на една систематска, постојана, упорна, неотстапна борба за умствената молитва.“ (Старец Ефрем Филотејски)

Посети: {moshits}

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 154
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 399
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…