Од Православен молитвеник (4)

 ljubanci.stoni4.jpg


 ljubanci.stoni.jpg

По молитвите на Светите отци наши,
Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нe.
Амин.


Цару Небесен, Утешителу, Духу на Вистината Кој Си насекаде и
сe  исполнуваш, ризницо на блага и на живот подателу, дојди и всели се во нас,
и очисти нe  од секаква скверност, и спаси ги, Благи, душите наши.


Свети Боже, Свети Крепки,
Свети Бесмртни, помилуј нe. ............(3 пати)


Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.


Пресвета Троице помилуј нe:
Господи, очисти ги гревовите наши;
Владико, прости ни ги беззаконијата наши;
Свети, посети нe  и исцели ги слабостите наши,
заради Името Твое.


Господи помилуј. .....................(3 пати)

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.


Оче наш, Кој Си на небесата, да се свети Името Твое,
да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја
како на небото така и на земјата.Лебот наш насушен дај ни го денес;
и прости ни ги долговите наши како што им ги проштеваме и ние
на нашите должници; и не воведувај н¢ во искушение,
туку избави нe  од лукавиот.

ljubanci.stoni2.jpg
Помилуј нe, Господи, помилуј нe; зашто никакво оправдание немајќи,
оваа молитва како на Владика ние грешните Ти ја принесуваме,
помилуј нe !

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Господи помилуј нe , на Тебе се надеваме; не гневи се силно на нас
и не спомнувај ги беззаконијата наши, туку погледни и сега како Благоутробен,
и избави н¢ од враговите наши.Зашто Ти Си Бог наш, а ние сме луѓето Твои,
сите сме дело на рацете Твои и Името Твое го призиваме.
И сега и секогаш и во сите векови. Амин.


Дверите на милосрдието отвори ни ги, благословена Богородице,
за да не загинеме ние што на Тебе се надеваме, туку преку Тебе од маките да се избавиме,
зашто Ти Си спасение на родот христијански.

МОЛИТВИ НА СВЕТИ МАКАРИЈ ВЕЛИКИ
sv.Makarij.Veliki.jpgБоже вечен, и Цару на секое создание, Ти Кој ме удостои
с¢ до овој час да бидам жив, прости ми ги гревовите што ги сторив денес
со дело, со збор или со помисла; и очисти ја, Господи, смирената душа моја
од секаква скверност плотска и духовна и дај ми, Господи,
сонот во оваа ноќ во мир да ми мине, та станувајќи од скромната постела
да му благоугодам на Пресветото Твое Име во сите денови на животот мој,
и да ги победам телесните и бестелесните непријатели коишто со мене војуваат.
Избави ме, Господи, од суетните помисли што ме сквернат
и од желбите лукави; зашто Твое е Царството и силата и славата,
на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.


Господи, Боже наш, с¢ што згрешив во овој ден со збор, со дело или со мисла, прости ми како човекољубив.
Подари ми сон мирен и безметежен; испрати го Твојот Ангел Пазител, кој ќе ме штити и ќе ме засолнува од секое зло.
Зашто Ти Си заштитник на душите и на телата наши, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.


Господи, Боже наш, во Кого веруваме, и Чие Име над секое име го призиваме,
дај ни нам, што заминуваме на спиење, одмор на душата и на телото, и зачувај нe од секакво мечтаење и мрачни сласти.
Запри ја навалата на страстите и згасни ги распалените желби телесни.
Дај ни целомудрено да поживееме во делата и во зборовите,
та водејќи добродетелен живот, да не отпаднеме од Твоите ветени добра,
зашто Си благословен навек. Амин.

МОЛИТВИ СПОРЕД БРОЈОТ НА ДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ
НА СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ

sv.jovan.zlatoust1.jpg
 

ДНЕВНИ


Господи, не лишувај ме од Твоите небесни блага.
Господи избави ме од вечните маки.
Господи, ако згрешив со ум или со мисла, со
збор или со дело, прости ми.
Господи, избави ме од секакво незнаење и заборавност,
од малодушност и скаменета бесчувствителност.
Господи, избави ме од секакво искушение.
Господи, просветли го срцето мое помрачено од лукави желби.
Господи, јас како човек згрешив, а Ти како милосрден Бог прости ми
гледајќи ја мојата душевна слабост.

Господи, испрати ми ја благодатта Твоја на помош
за да го прославам Твоето Свето Име.
Господи, Исусе Христе, запиши ме мене слугата Твој
во Книгата на животот,  добар крај подари ми.
Господи, Боже мој, иако ништо добро не сторив пред Тебе,
дај ми ја благодатта Твоја за да поставам добар почеток.
Господи, ороси го срцето мое со Твојата благодатна роса.
Господи на небесата и на земјата, спомни Си за мене грешниот,
бесрамниот и нечист слуга Твој, во Царството Твое. Амин.

ljubanci.stoni5.jpg
НОЌНИ
Господи, во покајание прими ме.

Господи, не оставај ме.
Господи, не воведувај ме во искушение.
Господи, дај ми мисла добра.
Господи, дај ми солзи и
сеќавање на смртта и умиление.
Господи, дај ми
помисла за исповедање на гревовите мои.
Господи, дај ми смирение,
целомудрие и послушание.
Господи, дај ми трпение,
великодушност и кроткост.
Господи, всади го во мене
коренот на добрината,
и на стравот Твој во срцето мое.
Господи, удостој ме да Те љубам со сета моја душа и мисла,
и во с¢ да ја творам волјата Твоја.

Господи, заштити ме од некои луѓе, и бесови, и страсти,
и од секое друго недолично нешто.
Господи, знам дека чиниш како што благоволиш;
нека биде волјата Твоја и во мене грешниот,
зашто Си благословен навек. Амин.

ljubanci.stoni9.jpg


Bogorodica.Isus.z2.jpgМОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Добра Мајко на добриот Цар, Пречиста и Благословена Богородице Марие,
милоста на Синот Твој и Бог наш излеј ја врз мојата острастена душа,
и со Твоите молитви упати ме на добри дела,
та преостанатото време од мојот живот беспорочно да го поминам,
и преку Тебе рај да задобијам, Богородице Дево,
единствена Чиста и Благословена!

 

 

 

 

Извор: МАЛ ПРАВОСЛАВЕН МОЛИТВЕНИК

Издавач: Струмичка епархија, манастир Св. Богородица Елеуса

главен и одговорен уредник: Митрополит г. Наум 

 

 

 

Посети: {moshits}