И денес кога го славиме споменот на славните маченички Христови Софија, Вера, Надеж и Љубов, повторно ја гледаме истата слика на модерниот свет како грдо се исправа пред нас.
Премудроста се замолчува, Верата се исмева, Љубовта се изопачува, а Недежта бледнее.
Но, ние кои со името Христово се именуваме, не се предаваме, нити од борбата со гревот се плашиме.
Сепак, ние се молиме на Господа Бога кој ја победи смртта и ни дарува преку Премудроста своја Вера непосрамна, надеж непоколеблива и љубов нелицемерна.
За многу години!
fb Otec Pimen
30 септември 2023 лето Господово