Hristos.Spasuva2

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ
ТИТ КОЛИАНДЕР

ЧЕТВРТО ПОГЛАВЈЕ

Hristos.Spasuva
                 За тивката и невидлива борба
                 Сега кога го знаеме местото каде ќе се води борбата која штотуку ја започнавме, што е нашата цел и каде таа се наоѓа, разбираме и зошто оваа борба се нарекува невидлива. Таа се одвива во срцето, во тишина, длабоко во нас; и тука наидуваме на уште една многу важна работа, на која светите отци постојано укажуваат: твоите усни нека се запечатат со оваа тајна! Бидејќи ако се отвори вратата од сауната, целата топлина и лековитост на пареата исчезнува. Затоа, не кажувај никому за твојата намера. Не говори ништо за новиот живот што го започна, ниту за искуството, ниту за она што се надеваш да го приобиеш. Сè што се случува во тебе се однесува само на Бог и на тебе. Единствен исклучок може да биде твојот духовник или исповедник.

sv.pustinak
                Неопходно е ова тихување, бидејќи секое муабет за сопствените грижи ја потхранува суетата и самодовербата. Пред сè, токму тоа мора да се искорени! Во тихувањето расте нашата доверба во Оној што нè слуша и без да проговориме збор.Твоја задача е да Му се приближиш, да ја положиш сета својата надеж во Него: ти си закотвен во вечноста, а во вечноста не постојат зборови.
Од сега па натаму, ќе почнеш да разбираш сè што ти се случува, големите и малите нешта, сè што ти е испратено од Бога за да ти помогне во оваа борба. Само тој знае што ти е потребно и што ти треба во даден момент: неволја или успех, искушение или пад. Ништо не ти се случува случајно, и од сè што се случува може нешто да се научи; сфати го тоа веднаш во твоето срце, бидејќи на тој начин расте твојата доверба во Господ од моментот кога одлучи да го следиш.

               Еве уште едно упатство што светителите го препорачуваат на нашето патување: потребно е да гледаш на себеси како на дете кое штотуку започнува да учи да изговара гласови и да ги прави првите, несигурни чекори. Целата мудрост на овој свет и сите вештини кои можеби ги поседуваш се целосно безвредни во битката што те очекува, како што е безвредна твојата социјална положба и целиот твој имоти. Поседот што не се користи во служба на Бога е товар, а знаењето што не го вклучува срцето е бесплодно и затоа е опасно, бидејќи е вообразено. Таквото знаење се нарекува голо, затоа што нема топлина и љубов. Затоа мора да го отфрлиш целото свое знаење и да станеш луд за да бидеш паметен, просјак за да бидеш богат, слаб за да бидеш силен.

 Hristos.Spasuva1

ПЕТТО ПОГЛАВЈЕ
               За себеодрекувањето и очистувањето на срцето
               Разоткриен на овој начин, мал и беспомошен, преминуваш на најтешкиот од сите човечки потфати: да ги победиш сопствените себични желби. Во крајна линија, твојата борба зависи од „себепрогонството“, бидејќи се додека твојата себична волја преовладува, не можеш со чисто срце да му се молиш на Господа: „Да биде волјата твоја!“ Ако не си во состојба да го отфрлиш чувството на сопствената големина, нема да имаш удел во вистинската слобода, каде што владее само една волја.
              Еве ја големата тајна на светителите: не барај ја слободата и ќе ти биде дадена. Речено е: земјата раѓа трње и украсни цветови. Човекот ја обработува земјата со пот на лицето, со мака; земјата и човекот се исти, од земја и човекот е создаден. Светите отци советуваат да се почне од мали работи бидејќи како што вели свети Ефрем Сирин, не можеш да изгаснеш голем пожар ако не си научил да гасиш мал оган. Ако сакаш да се ослободиш од големата болка, велат светите отци, потисни ги малите желби. Немојте да мислиш дека едната може да се одвои од другата - сите тие мали желби се нанижани заедно, како долг синџир или мрежа.


            TVIT660

           Човекот не може да се справи со големите пороци кои тешко се совладуваат, како и со лошо стекнатите навики, а притоа да не ги надминува малите, „безопасни“ слабости: желбата за стомакоугодување,многуговорливоста, љубопитноста, оговарањето... на крајот, сите наши желби се јавуваат на една заедничка основа, а тоа е нашата нескротлива навика да си угодуваме единствено себеси. Таа потреба на волјата за самоугодување мора да прекине. Од падот на човекот па се до денес, волјата е послушна исклучиво на сопственото „јас“. Затоа, нашата борба е насочена против волјата и треба да започне без двоумење и да се води неуморно: ако ти се јави желба да се преиспитуваш, немој! Ако ти се пие кафе, испиј само една шолја! Ако „нешто те тера“ да погледнеш во часовникот, воздржи се! Ако ти се оди на гости, остани дома!

sv.Ilija.kp1


           Тоа е потрага по себе; на овој начин можеме со Божја помош да го замолчиме гласот на сопствената волја. Можеби се прашуваш: дали сето ова навистина е потребно? Светите отци одговараат со прашање: дали навистина мислиш дека можеш да наполниш сад со чиста вода без претходно да ја истуриш старата, валкана и застоена?
            Дали навистина во својот дом сакаш да пречекаш драг гостин, додека гостинската соба е полна со разно ѓубре и отпад? Не, оној што се надева да Го види Господа, се очистува себеси, како што е чист Тој (1Јн. 3,3). Да го исчистиме и ние нашето срце! Да го исфрлиме сето прашливо ѓубре што се насобрало таму, да го исчистиме валканиот под, да ги измиеме и отвориме прозорците, за преку нив да влезе светлина и свеж воздух во просторијата што ја подготвуваме за Господа како светилиште. Потоа, да се облечеме во чиста облека, за да не ни се задржува стариот мирис и да не бидеме „истерани надвор“ (Лк. 13,28). И ова нека стане наш секојдневен напор, од час во час.

TVIT661


            На тој начин го правиме само она што Господ ни го заповедал преку Својот свет апостол Јаков, кој вели: „ Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани! “ (4,8). А апостол Павле ни кажува „ да се очистиме од секоја нечистота на телото и на духот“ (2. Кор. 7:1). Зашто, како што вели самиот Христос, „ зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодеј¬ства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукавства, па¬кос¬ти, злоби, око завидливо, богохул¬ство, гордост, безумство. Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“ (Мк. 7, 21-23). Затоа им вели на фарисеите: „ очисти ги чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор. “ (Мат. 23,27).
             И додека на тој начин ги следиме упатствата за тоа како да се исчистиме одвнатре, секогаш мораме да запомниме дека во ниту еден момент не ги чистиме нашите срца заради себе. Гостинската соба не ја уредуваме заради сопствено уживање, туку за гостинот да се чувствува удобно во неа. Дали ќе му биде пријатно, се прашуваме, дали ќе остане? Секоја наша мисла е насочена кон него.

sv.Serafim.Sarovski.tot


            Потоа се повлекуваме, остануваме во втор план и не очекуваме награда за нашите напори. Три вида на природа постојат во човекот, како што објаснува Никита Ститат: телесен човек, кој сака да живее само заради сопственото уживање, дури и на штета на другите; природен човек, кој сака да угодува на себеси и другите и духовен човек, кој сака да му угодува само на Бога, дури и на своја штета. Првата е пониска од човечката природа, втората е вообичаена, а третата е над самата природа, таа веќе го претставува животот во Христа.


         Hristos.Spasuva3   Духовниот човек размислува на духовен начин; тој ја полага својата надеж во фактот дека еден ден ќе го слушне гласот на ангелите кои се радуваат на еден грешник кој се кае (Лк. 15:10), а тој грешник ќе биде токму тој. Така и ти треба да се чувствуваш и надевајќи се на истото треба да се трудиш, бидејќи Господ ни заповеда да бидеме совршени како што е совршен вашиот Отец Небесен (Мат. 5:48) и да го бараме најнапред Царството Божјо и неговата правда (6. :33).
Затоа, не давај си одмор ниту мир додека не го угушиш оној дел во себе со кој владее телесната природа. Тоа нека биде твојата цел: да го пронајдеш секое навестување на неприродното во себе и безмилосно да го отстраниш. Зашто, телото сака противни рабо¬ти на духот, а духот – противни на телото; (Гал. 5:17). Но, ако се плашиш дека нема да станеш праведен во сопствените очи поради големиот напор за сопственото спасение или ако се плашиш дека ќе те совлада гордоста, испитај се внимателно и разбери дека човекот кој се плаши дека ќе се возгордее и ќе почне да се гледа себеси како праведен човек, страда од духовно слепило, затоа што не гледа колку всушност е горд и колку веќе мисли дека е голем праведник.

 

 

Продолжува

За Преминпортал подготвил С.Стефковски

 25.06.2023 лето Господово

Друго:

 TVIT647

  ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ- ТИТ КОЛИАНДЕР

Патот на подвижникот (За тмурните времиња)

 ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ- ЗА НЕДОСТИГОТ НА ЧОВЕЧКАТА СИЛА