TVIT189

И во контекст на објавата за старец Пајсиј и на сериите на објави на познати личности што не се плашат јавно да ја исповедаат својата православна вера во Христос, Никос Вертис, којшто лично го има запознаено старецот Пајсиј, го вели следново:
            Многу Го сакам Христос и Го чувам во мојот живот. Живееме во време кога многумина луѓе, особено млади луѓе, се плашат да речат: „Верувам во Христос“. Тоа не ми се допаѓа. Не мислам дека е убаво да се слуша „Верувам во виша сила“. Тоа ми пречи, затоа што, да, секој мисли дека има нешто вишо, но се плашат да го искажат тоа.
       Зошто верувам во Христос? Не заради чудата што ги има направено или заради тоа што е напишано за Него. Верувам во Христос затоа што Он има нешто што ме претставува мене во мојот живот. Почетокот и крајот. А што е тоа? – Љубовта. Со љубов решаваш сé во својот живот, дури и своите проблеми, ако имаш љубов, веднаш се решаваат, автоматски, јазолот го напушта твојот стомак. Што значи љубов? Оди дома, таму е твојата жена, твоето семејство, твоите пријатели. Ако имаш проблеми и тие те потапкаат по грб, тогаш што е тоа, ако не љубов. Значи, ова е Христос за мене и на тоа Он ме научи.
         Јас сум грешник, не сум добар христијанин, но навистина верувам во Христос. Си ги имам своите гревови и правам многу грешки, но секој ден се трудам да се подобрам. Сепак, пред да осудиме некој свештеник, некоја заедница, каква што е цровната заедница, да, навистина таму некои луѓе што се чудни, склони на гнев, псујат, што е погрешно, но еден ден сите ќе бидат судени за тоа што го прават. Ние не треба да ги судиме, затоа што ако сакаме да веруваме во Христос, да бидеме во Христова близина, во љубов, мора се судиме и поправаме себеси.


Превземено од Аргирета Атева

Февруари 2023 лето Господово