Arhiep.Viktor.kobaca

„Политиката“ на Христос е „политика“ на љубовта
Архиепископ Виктор Баришевски (Коцаба)


Arhiep.Viktor.kobaca1
          

Евангелието според Лука ни кажува дека токму во храмот старецот Симеон се сретнал со Богородица и бебето Исус. Земајќи го Новороденчето во раце, ги кажува зборовите што денес се слушаат во секоја православна црква: „Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико, според зборот Твој “ (Лк. 2, 29-32).
         Симеон е човек кој чекал да се сретне со Христос. Според традицијата, тој бил еден од седумдесет и двајцата научници кои го превеле Светото писмо за египетскиот крал Птоломеј II. Денес овој превод е познат како Септуагинта. Симеон работел на книгата на пророкот Исаија и кога стигнал до зборовите „Ете, Дева ќе зачне и ќе роди Син“ (Ис. 7,14), застанал. Како може Девица да роди Син? - се запрашал. Впрочем, „жена“ може да роди, а не „девица“. Симеон сакал да го поправи текстот на пророкот, но Ангелот Господов му ја запрел раката и го уверил дека нема да умре додека не ги сретне Богородица и Синот споменати во пророштвото на Исаија.
         А таа средба се одржала денеска. Што ни кажува таа?
Забележувате дека благочестивиот старец го чекал Христос во храмот. Денес е многу вообичаено да се слушне мислењето дека храмот не е потребен за средба и комуникација со Бога. Навистина, нашиот Господ е Сеприсутен, Тој живее не само во храмовите и Неговиот глас може да се слушне насекаде. Меѓутоа, самиот храм е посебно место на Божјото присуство. Овде се одржува Литургијата, овде се принесуваат молитви за секого и за се, овде верните срца молат за мир во целиот свет. На крајот на краиштата, комуникацијата со Бога добива посебно значење во храмот, бидејќи суштински го менува внатрешниот свет на една личност.
        Слободно може да се каже дека храмот и денес е место за средба со Бога. На крајот на краиштата, во наше време, како и пред илјадници години, човек кој дошол во црква да се моли, чувствува во длабочините на своето срце и во приватноста на својата душа дека Господ е тука, Тој е близу, Тој е со секој што доаѓа кај Него.
Ова чувство не може да се замени со ништо. Тоа е знак на дејството на Божествената благодат врз срцето и душата на човекот, знак дека Бог, според зборовите на свети Григориј Богослов, ни е поблизок од нашиот сопствен здив.
Затоа секогаш треба да се запомни дека храмот не може да биде место за политички пароли и разни апели. Храмот е место каде што звучи Господовата молитва, каде сите со надеж велат „Господи, помилуј“, каде што нема друга политика освен „политиката“ Христова.

Arhiep.Viktor.kobaca2
      Земната политика ги дели луѓето, има штетен ефект врз нашето вистинско единство. А „политиката“ Христова, напротив, обединува, бидејќи во Христа сите сме браќа и сестри, сите сме навистина едно. Тој ја пролеа Својата Крв за нас и беше распнат на крстот не само за да ја покаже Својата Љубов кон човештвото, туку и да ги уништи гревот, распадливоста и смртта. Христовата „политика“ е „политика“ на Љубовта. И ако заборавиме на тоа, средбата со Него никогаш нема да се случи.

Извор politica.com.ua
За Преминпортал  С.Стефковски

14ти февруари 2023 лето Господово