TViTer804

Верата е дело на срцето

Човекот може неуспешно да бара одговори на своите прашања во текот на животот и во науката и во разговорите со најобразованите луѓе. Но, колку е полесно да ги пронајдете, кога знаете каде и од кого да ги побарате и да добиете вистински одговори на нив! Ова е приказна за еден млад човек кој пронашол се што не нашол во науката, во откровението на еден свет човек, кој завршил само четири одделенија од основното училиште.

               Пред многу години, дојде да ме посети еден студент. Со голема неодлучност но во исто време со упорност на тврдоглав трагач, тој изјави дека е атеист, но дека многу би сакал да верува, но дека не може. Со години се прашуваше, бараше, но сите негови напори не дадоа никаков резултат.
Разговараше со професори, образовани луѓе, но не можеше да ја задоволи жедта за откривање на нешто толку многу важно. И така, тој студент слушнал за мене и решил да ги сподели своите егзистенцијална истражувања со мене. Ме праша за научниот доказ за постоењето на Бог.
- Дали си запознаен со интеграли и различни равенки?
- За жал, не - одговори тој - учам филозофија.
- Срамота, бидејќи само за такви докази знам - реков на шега.
Студентот беше збунет и молчеше.
- Извини - реков - што малку се пошегував со тебе. Но, Бог не е равенка или некој вид математички доказ. Да беше така, тогаш сите образовани луѓе ќе веруваа во Него. Гледаш можеш да му пристапиш на Бог поинаку. Дали некогаш си бил на Атос? Си сретнал ли вистински подвижник?
- Не оче, но сакам да одам таму. Слушнав за тоа место. Ако ми кажеш, уште утре ќе патувам таму. Дали познаваш некои образовани луѓе што би можел да ги сретнам таму?
- Кого претпочиташ: научник кој ќе те  разочара или свет човек што ќе те разбуди?
- Би сакал научник. Се плашам од светители.
- Верата е дело на срцето. Обиди се да се сретнеш со свет човек. Како се викаш? - го прашав.
- Гаврило - одговори ученикот.
Го испратив кај подвижникот. Го упатив каде да оди, му дадов соодветни упатства, нацртав карта.
- Ќе дојдеш кај него и ќе му го поставиш истото прашање. Велиш дека си атеист и сакаш да преминеш во верата и да најдеш доказ дека Бог постои.
- Се плашам. Се срамам – одговори тој.
- Зошто се срамиш и се плашиш од светителот, а од мене не? - Го прашав - Оди кај него и само прашај го истото што ме праша мене.
                По неколку дена ученикот отишол кај подвижникот и го нашол во дворот како разговара со еден млад човек. Наспроти нив уште четворица седеле на гредата и трпеливо  чекале. Гаврило срамежливо им се придружил. Не поминале ни десет минути кога завршил разговорот меѓу старецот и младиот човек.
- Како сте момци? Дали јадевте локум, пиевте ли вода?
- Ти благодариме старче - одговориле младите со учтивост карактеристична за лаиците.
- Дојди наваму - му се обратил на Гаврило, посочувајќи го меѓу другите – земи една кутија локум, јас ќе ти донесам вода. Ајде, ќе ти кажам една тајна: во ред е човек да е атеист, но атеист кој се именува себеси како архангел? Прв пат гледам такво нешто!
Нашиот херој за малку ќе добиеше срцев удар кога одеднаш го слушна ова откровение. Како старецот го знаеше неговото име? Кој му кажа за неговите сомнежи? Што, на крајот на краиштата, сакаше да му каже старецот?
- Оче, може ли да разговарам со тебе? – промрморе тој, застанувајќи.
- Види, се стемнува. Земи локум, напиј се вода и упати се во блискиот манастир да преноќиш.
- Но оче, сакав да разговарам со тебе. Дали е тоа невозможно?
- За што да разговараме? Која е целта на твоето доаѓање?
                  „Кога го кажа тоа, почувствував – раскажуваше младиот човек – како ме исполни еден поинаков воздух“. Срцето ми се исполни со вера, душата ми се стопли, а сомнежите ми исчезнаа без никаков логичен аргумент, без дискусија и сè уште без јасен одговор на моето прашање. Моите „ако“, „зошто“, „може да биде“, исчезнаа сами по себе. Од тој момент за во иднина остана само „како“ и „што“.
Сè што младиот човек не нашол во науката, го нашол во откровението на светителот, кој завршил четири одделенија од основното училиште. Светите луѓе се многу разумни. Те оперираат без анестезија, но не чувствуваш болка. Тие вршат трансплантација без да го отворат телото. Ве издигнуваат до неизмерни височини, не користејќи ги скалите на световната логика. Тие ви ја враќаат верата без да ви го оптоваруваат умот.

Митрополит месогски и лавреотски Николаос (Хаџиниколау)
Извор  prijateljboziji.com
За Преминпортал Симеон Стефковски

2023