логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Од архивата на Преминпортал

Епископ Кинешемскиј Василиј (Преображенскиј) (1876-1945)

crkva.ekspozicija.jpgПостои стара легенда која впечатливо кажува зошто понекогаш нашите молитви се бесплодни. Во дамни времиња живеел некој старец кој многу се молел и често се грижел за човечките гревови. И му било чудно зошто понекогаш се случува луѓето да одат во црква, да му се молат на Бога, а сепак и понатаму да живеат лошо...
„Господе – си мислеше тој – дали Ти одговараш на нашите молитви? Еве, луѓето постојано се молат за да живеат во мир и во покајание, но никако не успеваат во тоа. Да не е, можеби, нивната молитва суетна?“
Еднаш со тие мисли потона во сон. И, на негово изненадување, еден Ангел, сиот во сјај, го обвитка со крилото и го понесе високо над земјата... Како што го носеше сè повисоко и повисоко, сè послабо се слушаа звуците од Земјата. Не се слушаа гласовите на луѓето, стивнаа песните, звуците, замре сиот џагор на суетниот човечки живот. Само повремено однекаде доаѓаа нежни хармонични звуци, како звуци на далечна флејта.  
– Што е тоа? – праша старецот.
– Тоа се свети молитви – одговори Ангелот, – само тие се слушаат тука!
– Но, зошто се толку тивки? Зошто има толку малку такви звуци? Еве, сега сиот народ се моли во храмот...
Ангелот го погледна со тажно лице.
– Сакаш ли да знаеш зошто? Погледни...
Далеку долу се гледаше еден голем храм. Со чудесна сила се отворија неговите ѕидови и старецот можеше да види сè што се случува внатре.

Храмот секогаш беше полн со луѓе. На клиросот имаше голем хор. Свештеник во комплетна облека стоеше во олтарот. Службата беше во тек! За каква служба се работеше, не можеше да се каже, зашто не допираше никаков звук. Се виде дека чтецот, стоејќи на левото крило од клиросот, нешто чита на брзина, мрморејќи, но зборовите не допираа до горе. На амвонот брзо излезе висок ѓакон, со остар потег ја измазни косата, го подигна орарот, широко ја отвори устата, и ... ниту еден звук не допре!  
На клиросот диригентот го рашири нотниот текст: хорот се подготвуваше да пее. „Аха, хорот сигурно ќе го чујам“ – си помисли старецот. Диригентот ја даде интонацијата, ја подигна раката и даде знак за почеток, но, како и претходно, – царуваше тишината. Беше мошне чудно да се гледа: диригентот мавташе со рацете, даваше такт со ногата, басовите се вцрвија од напрегање, тенорите запнуваа кревајќи ја високо главата, сите ја отвораа устата, но песна немаше. „Што е ова?“ – си помисли старецот. Го пренасочи погледот на луѓето што се молеа. Ги имаше мошне многу, на различна возраст и на различни општествени позиции: мажи, жени, стари и млади, господа и прости селани. Сите се прекрстуваа, се поклонуваа, многумина шепотеа, но ништо не се слушаше. 

Целата црква беше нема.
– Зото е така? – праша старецот.
– Да се спуштиме, и ти ќе видиш и ќе разбереш, – му рече Ангелот.
Брзо и невидливо за присутните во храмот, се спуштија во самиот храм. Една жена, облечена обично, стоеше напред и се чинеше дека се моли од сето срце. Ангелот ì се доближи и тикво ја допре... И старецот наеднаш го виде нејзиното срце и ги разбра нејзините мисли. 
„Ах, тоа проклето жениште! – размислуваше таа. – Повторно е во нова облека. Мажот ì е пијаница, децата невоспитани, а таа си нема гајле! ... Само мисли на облекување!“ До неа стоеше елегантно облечен човек и замислено гледаше во иконостасот. Ангелот ги допре неговите гради, и пред старецот се отворија неговите тајни мисли: „... Какво разочарување! Толку лошо тргував... изгубив илјада, а можеби и илјада петсто...“
Понатаму стоеше едно момче. Тој не се молеше, туку за сето време гледаше на местото каде што стоеја жени, црвенееше и се преместуваше од една нога на друга. Агелот го допре, и старецот ги прочита неговите мисли: „Колку е згодна оваа Дањуша!... Кај неа сè вреди: убава е, а има и добра работа... Таква жена би сакал да имам! Но, дали таа би ме сакала?“

И Ангелот допре многу други присутни во храмот, и сите имаа слични мисли, празни, световни. Пред Бога стоеја, но на Бога не мислеа. Само изгледаше дека се молат.

– Разбираш ли сега – го праша Ангелот. – Такви темолитви не допираат до нас. Затоа и изгледа така – сите тие се неми... Во тој миг прозборе силен детски глас: „Господе! Ти си благ и милостив. Спаси, помилувај и исцели ја мојата сирота мајка...“ Во аголот, залепен до ѕидот, стоеше момче. Во очите му се гледаа солзи. Се молеше за својата болна мајка. Ангелот го допре и старецот го виде неговото срце. Во него имаше грижа и љубов.
– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод.   

http://stxenia.spb.ru/pages/page/word.htm

 23.8.2008 г.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits} 

Друго:

 Епископ Василиј (Венијамин Сергеевич Преображенското) е роден во 1876 година во градот Кинешма, во семејството на свештеник. Завршува духовната академија во Киев, специјализира во Лондон, завршувајќи и второ високо образование - педагогија. Предава странски јазици и заедничка историја во Миргород и Москва. Во 1917 година на чудесен начин, благодарение на молитвата, се спасува од давење во р. Волга. Тоа станува пресвртница во неговиот живот и тој го посветува на служење на Бога. Станува мисионер. Создава десетици кружоци по проучувањето на Светото Писмо. Во 1921 година станува епископ Кинешемски. Аскет, молитвеник, брилијантен проповедник уживање со огромна љубов и доверба кај народот. Во периодот 1923 - 1945 година е уапсен и протеруван четири пати, последен пат на шеесет и осум годишна возраст. Умира во мало село во Краясноярския крај, на 13 август 1945 година.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1552
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 990
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…