TViTer11


Утрешниот ден му припаѓа на Бога…


Колку е важно да се гледа во иднината? Да веруваме и да се надеваме на најдоброто што сè уште не дошло, но ќе дојде. Не дозволувајте минатото да ве проголта, туку речете дека „со Божја помош“ се ќе оди кон добро. Ништо не завршило вчера, се почнува одново утре. „Вака живеел познатиот пророк на Црквата, свети Симеон Богопримец, гледајќи во Божјата иднина. Очекувајќи го утрешниот ден, кој сеуште не пристигнал.
Христијанската црква постоела како есхатолошка заедница уште од своето основање. Нејзините членови интензивно живееле во исчекување на Царството Божјо. Ја извршувале Светата Евхаристија, предвкусувајќи ја славата Божја. Подоцна, кога христијанството станало официјална религија на царството, во времето на Константин Велики, есхатолошката вера кај членовите на Црквата ослабнала. Привилегиите, престанокот на прогонството и многу други нешта довеле до “  создавање религија “ и секуларизација, односно до опслужување на повеќе религиозни потреби отколку на осуштествување на Црквата. Но, животното искуство дека идентитетот на Црквата го црпиме од есхатонот, а не од историјата, никогаш не исчезна од јадрото на богослужбите, а особено на светата Литургија. Со други зборови, сознанието дека мисијата на Црквата во светот е да го манифестира и иконизира Царството Божјо, кое е веќе тука, но сè уште не е.

TViTer10


Свети Симеон Богопримец бил еден таков есхатолошки човек, пророк кој го гледал доаѓањето без да се изгуби во минатото. Повеќето луѓе мислат дека „секоја година стануваме полоши и на тој начин го идеализираат минатото или се потопуваат во вина, обвинувајќи се себеси за работите што ги направиле или не ги направиле. Но, Црквата ни кажува дека ние не сме нашето минато, туку нашата иднина. Ние сме она што ќе станеме, а не она што сме биле или сме.
Пророкот Симеон дал еден завет пред Бога. Што побарал? Она што еден современ верник ретко некогаш го посакува - да го види Месијата, Синот Божјиот, а потоа да умре. Заветите на мноштвото луѓе се засноваат на материјалните работи, на решавањето на проблемите и на одговори на многу горливи прашањата. Св.Симеон, меѓутоа, посакал од Бога да не умре, додека не го види и држи Христос во своите раце.


Таква нека биде и нашата секојдневна молитва, да не дозволи Бог да го напуштиме овој живот ако не Го познаеме Христа. Ако не се покаеме и ако не го вкусиме опитно и живо Неговото благо присуство. Зашто, очигледно, едно е да се зборува за Бог, а друго е да се вкуси заедницата со Него. Пророкот Симеон, кога го сретнал Христос и го зел во раце, му рекол на Бога: „Сега го отпушташ својот слуга со мир, Владико, според зборовите Твои.. .“ и тој веќе можел да умре бидејќи се сретнал со Животот.


Автор: о. Харалампиј Пападопулос

TViTer9
Превод:  Симеон Стефковски


Извор https://sveticarboris.net