HRISTOS.kp.prekrasen

Стравот од Бога е почеток на мудроста“ (Пс. 110, 10). Овој страв слегува над нас од горе. Тој е духовно чувство, пред сѐ за Бога, а потоа и за нас самите. Ние живееме во состојба на страв поради присуството на живиот Бог и поради сознанието за нашата валканост. Вака изгледа тој страв: тој нѐ поставува пред Божјото лице, пред Неговиот суд; а ние сме паднале толку ниско така што нашата грижа за нас самите станува длабоко страдање, потешка од маките кога ќе се видиме во темнината на незнаењето, парализирани од бесчувствителноста, во ропството на страстите. Овој страв е наше будење од вековниот грев.

Тој ни ја донесува Светлината на познанито: од една страна на нашата погубна состојба, а од друга чувството за таа Божја Светлина. Прекрасна е природата на овој блажен страв: надвор од неговото очистувачко дејство не ни се открива патот кон совршената љубов, кон Бога, бидејќи Самиот Тој не е само почеток на мудроста, туку и љубов. Тој ја потресува нашата душа со тоа што ќе се видиме такви какви што сме, и нѐ повикува кон Бога, раѓајќи ја во нас силната желба да бидеме со Него. Стравот е проследен со вчудоневиденост пред Бог, Кој ни се открива. Гледајќи се како недостојни пред таквиот Бог, ете во тоа се содржи ужасот. Да се биде во таа вечна темнина, чија суштина ја гледаме благодарејќи на несоздадената Светлина, иако таа Светлина сѐ уште не ја гледаме – тоа во нас предизвикува мачна жед да се истргнеме од тешката прегратка на нашиот пад и да влеземе во сферата на несоздадената Светлина, кон светата Божја љубов. Само преку верата во Господ Христос го здобиваме вистинскиот критериум за реалноста на нематеријалниот и материјалниот свет. Но за тоа ни е неопходно од севкупноста на нашето битие, привремено и вечно, да градиме врз постојаниот камен на Христовите заповеди.

Многумина одат во ракотворните храмови на молитвата, но навистина се малку таквите кои го наоѓаат „тесниот пат“ кој води во неракотворната небесна скинија (Мат. 7, 14).“

Старец Софрониј

 

 20ти јуни 2020 лето Господово

Избор од фб профил на

Monika Nikolova