Како минува животот на човекот?

Неговиот ум е зафатен со постојаното решавање на насушните проблеми, тој дури и не може да се спореди со работливата мравка, тој повеќе наликува на пешак без цел. Човекот нема на што да се потпре. Подлогата на која што стои, изгледа дека постојано му се трга од под нозете. Ако со еден збор може да се изрази душевната состојба на човекот, тогаш тој збор ќе биде “немир“ – постојано неспокојство кое црвојади и ја разјадува силата на душата како киселината металот.

Преживување- тоа е прилагодување, а прилагодување- тоа е равенка, затоа пред христијанинот секогаш има избор: или прилагодување на лагите или прилагодување на свирепостите на овој свет, односно, да се игра човек, а да не се биде тоа, или да се влезе во борба со светот, да се стане против овој железен валјак, кој руши се на својот пат. (арх. Рафаил Карелин)