логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

3.angeli.so.truba

За значењето на Литијата

Литијата е православен обред кој се извршува во форма на торжествена поворка од страна на свештенослужителите и верниците, проследена со црковни химни, икони, крстови, рипиди и други свети предмети, со цел да се отдаде почит кон Бога и Неговите светии и да се испроси Неговата благодат и милост.

Литија, во превод од грчки, означува усрдно сенародно молење.

Една од особеностите на литијата е тоа, што таа се извршува околу храмот, манастирот или градот.
Зошто?

На ова прашање, свети Симеон Солунски одговара на следниот начин: „Потребно е да се знае, дека сите литии, се извршуваат надвор, или во притворот, или околу обителта, или градот, а се извршуваат во спомен на нашето отпаѓање, дека ние, отпаднатите грешници се наоѓаме надвор од Едем, и дека сме должни да се научиме на смирение и да размислуваме дека сме недостојни за светите места – рајот и небото, и да се угледаме на митарот, кој според длабокото смирение на својата гревовност стоеше во далечината, и на Адама, изгонетиот од рајот“.

Осветување на сите стихии на природата е првата побуда за извршување на Литијата.

Свети Симеон Солунски говори: „На патиштата и на раскрсниците ние извршуваме молитва, за да ги очистиме сите патишта, осквернети со нашите гревови.

Ги подигаме од храмот светите икони, ги изнесуваме чесните крстови, а понекогаш каде што има, и светите мошти на светиите, за со нив да се осветат луѓето и сè што им е потребно во животот, – дом, вода, воздух и самата земја, како изгазена и осквернета од стапалата на грешниците.

Сето тоа го правиме со една цел, населениот град и целата земја да станат причасници на Божествената благодат, да го отфрлат од себеси сè она што е штетно и погубно; се молиме, да биде милостив кон нас Оној, Кој се воплоти за нас и прими облик на слуга, Кого го претставуваат божествените икони и образите на Неговите светии“.

Свети Филарет Московски вели: „Кога земаш учество во Литијата, помисли, дека одиш под водство на светиите, чии икони со нас одат, и се приближуваш кон Господа.

Земната светиња ја повикува Небесната светиња“.

Исто така, и Самиот Спасител Господ наш Исус Христос ни покажал пример на торжествена поворка, кога Он влезе во Ерусалим во придружба на многуброен народ кој му воскликнуваше: „Осана на Давидовиот син“ (Мат. 21, 9).

Во првите векови од своето постоење, христијанската Црква, не можела слободно да ја исповеда својата вера, а уште помалку да извршува сенародни свечени Литии.

Во тоа тешко време за христијаните, тие поворки се ограничувале на случајни пренесувања на мошти на маченици, кои се извршувале ноќе.

Посебен развој во христијанската црква, Литиите добиле во Ерусалимската црква, каде се извршувале за време на празничните денови.

Со текот на времето, литиите добиле широка примена и развој во Византија.

Свети Јован Златоуст организирал, против аријаните, ноќни Литии по улиците на Константинопол. За таа намена специјално се правеле крстови, кои торжествено биле носени по градот заедно со светите икони. Луѓето носеле и запалени свеќи.

3.angeli.so.truba

Исто така, Литии биле организирани и за избавување од масовни епидемии, поплави, суши, несреќи, ропства и.т.н.

Може да се каже дека, секој голем настан од животот на Црквата бил проследен со заедничка молитва и Литија.

Литиите во Православната Црква, од древни времиња, според својата појава биле разнообразни и се карактеризирле како: умилителни, покајни, благодарствени и торжествени.

Во историјата на Источната Православна Црква, ние имаме примери и на покајни литии кои се извршувале: за време на суши, поплави, земјотреси, пожари и.т.н.

Литијата може да има и торжествен характер и да да се извршува во чест на некој торжествен настан од животот на Црквата.

Таквите Литии се извршуваат еднаш годишно, во чест на некој светител или во чест на некоја чудотворна икона на Божјата Мајка.

Од сите наброени видови на Литии, ние гледаме, дека човекот осознавајќи ја својата немоќ, Го повикува на помош Бога и Неговите угодници.

Свети Ѓорѓи Победоносец биди ни напомош, за избавување на народот од секое зло, победа врз нашите непријатели и непријателите на Црквата Христова за покајание и преумување во животот и верата!

 

 

 

Избор од фб профил на

Милостивиот Самарјанин

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1005
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 967
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…