3.angeli.so.truba

„Причестување за време на чума“

... и ереите, архиереите за време на чума, за причестување на болните треба да применуваат таков начин, кој нема да противречи на ова правило... Тие треба да го стават Светиот Леб не во путир, а во друг свештен сад од кој болните ќе го можат да ги земат Светите Дарови со лажица. Садот и лажицата потоа треба да се измијат со оцет, а оцетот се истура во олтарниот бунар. Или пак може да причестуваат на друг начин, кој нема да го нарушува ова правило“.
*поревносните, слободно нека го прецизираат преводот. Во прилог е рускиот превод и грчкиот оригинал од Каноните на Двократниот Трулски Собор.

Не сум загрижен од стравот на луѓето кои не веруваат, туку повеќе ме загрижуваат ставовите на христијаните кои сакајќи да се постават како „адвокати“ на Бога, во случајов, дрско го небрегнуваат здравјето на ближните.

Прво, православните христијани кога исповедаме дека Лебот и Виното се Тело и Крв Христови, веруваме дека на Светата Литургија, Даровите се преосуштествуваат - добиваат нова суштина, неискажливо, неиспитливо, не-експериментално станувајќи Тело и Крв Христови - по суштина, а не по субстанца.

За разлика од Православната Црква, Католичката Црква на Тридентинскиот собор (1545-1563) носи толкување дека при епиклезата, Лебот и Виното буквално стануваат Тело и Крв Христови - трансубстанција.

Православието не е магија. Набожната потреба од „потврдување“ на верата, барањето чуда, бранењето на верата од „надворешните непријатели“ се потсвесни техники преку кои бегаме од сопствената одговорност.

За исцелителната функција на Причеста, повторно не станува збор за магиски лековити својства на Причесната, туку на промислата и милоста Божја и верата на човекот што пристапува. Имаме многу примери на луѓе кои се исцелиле, но и уште повеќе примери на луѓе кои телесно не се исцелиле. И тоа не значи дека Причеста не е Света, ниту пак дека тие луѓе биле грешници и немале доволно вера.
Болестите и смртниот час се дел од Божјата промисла и од нашиот однос со Бога, преку кои ние, на некој начин го остваруваме своето спасение. А за надворешното мудрување зошто другите се болни, да се поучиме од историјата за Јов.
Ако некој настрада, и ние го обвиниме дека тоа му се случило поради неговото неверие, прошка ќе може да добиеме само преку нивните молитви пред Престолот Негов.

Православните Цркви во земјите кои не се традиционално православни постапија во ситуацијава многу поправославно од сите нас. Црквите и во Јапонија и во Кореја ги побараа од верниците голема претпазливост и одговорност при посетата во црква. (носење маски, дезинфекција со алкохол, наместо целивање - благ поклон пред иконите и крстот, и самостојно земање на антидор). Во други случаи, свештениците ги замолија верниците да се молат од домовите, а само свештенослужителите служат во црква и се молат за сите. (Во случај на потреба, причестување се врши по домовите).

Толку ревност се покажа да се одбрани верата од „неверниците“, и како само сега да е времето кога може да се причестиме (за време на клучните недели од карантирање на вирусот), а најчесто, црквите се полупразни и некои свештенослужители не ни причестуваат надвор од пост.
Според мене, тоа се проблеми за кои треба да се искористи ревноста, пред се да се запрашаме себеси и да се преиспитаме во што точно веруваме. (вклучувајќи ги и Светите Тајни).

Наместо гордо удирање во гради рекламирајќи ја нашата вера, да покажеме социјална, братска - христијанска одговорност и да внимаваме на здравјето на луѓето околу нас. По тоа ќе не познаат дека сме Христови.
Другото, најчесто е суета и искушување на Бога.

*Да се поштедиме од непотребни коментари и убедувања: јас не сум подражавател на брезгливите ставови дека панично треба да се бега од причестувањето со иста лажичка. Но, во случај на пандемија, преземањето мерки е христијанска одговорност, која фала Богу, потврдена е и во Светите Канони.

Преп. Никодим Святогорец против московского Синода
Толкование на 28 правило Двукратного (Трулльского) Собора:

"и иереям, и архиереям во время чумы следует употреблять для причащения больных такой способ, какой не противоречит этому правилу. Они должны класть Святой Хлеб не в виноград, а в какой-нибудь священный сосуд, из которого могильщики и больные могут брать его лжицей. Сосуд и лжицу следует затем погружать в уксус, а уксус выливать в алтарный колодец. Или же они могут причащать каким угодно другим, более надежным способом, не нарушающим правило".

 

Избор од фб профил на

Zlatko Divjakovski