3.angeli.so.truba

 

БОЖЕСТВЕНАТА ЛИТУРГИЈА


На Божествената Литургија или Евхаристија,се потсетуваме на целокупниот земен живот на Господа Исуса Христа.
Литургијата условно се дели на три дела:


-Проскомидија,
-Литургија на огласените,
-Литургија на верните.


На Проскомидијатакоја вообичаено се врши за време на читањето на третиот и шестиот час,се потсетуваме на Раѓањето на Спасителот.
Во исто време се потсетуваме и на старозаветните пророштва за Неговите страданија и смрт. На проскомидијата се подготвуваат Светите Дарови-лебот(Агнецот) и виното,кои се потребни за извршување на Евхаристијата и се спомнуваат живите и упокоени членови на Црквата.Душите на упокоените чувствуваат голема радост кога ги спомнуваат на Божествената Литургија.Затоа брзај во храмот Божји за да присуствуваш на Проскомидијата,молејки се за здравје и за упокојување на блиските и на познаниците и на сите православни Христијани.За упокоените можете вака да се молите:


„Спомни ги Господи душите на упокоените Твои слуги(имињата)и прости им ги прегрешенијата направени волно и неволно,дарувајки им царство и причест со Твоите вечни добра и насладување со блажен живот“.


На Литургијата на огласените (која трае до повикот„Огласени излезете!“,кој го произнесува свештеникот или ѓаконот,т.е. пред пеење на „Херувимската песна“),со песната„Единородни Сине„се претставува доаѓањето на Господа Исуса Христа на земјата.
За време на малиот вход со Евангелието,кој го претставува излегувањето на Господа Исуса Христа на проповед,при пеењето на стиховите: „Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Христа“,се прави(појасен)поклон,а при пеењето„Три-свјато“-три(појасни) поклони.
Кога се читаат делата на Апостолите,на кадењето од ѓаконот треба да се одговори со поклонување на главата.Читањето на Апостолот и кадењето ја означува проповедта на Апостолите по целиот свет.За време на читањето на Евангелието,треба да слушаме со наведната глава,како Самиот Господ Исус Христос да зборува.


На Литургијата на верните(која трае од„Херувимската песна“до крајот на Литургијата)Големиот вход го символизира поаѓањето на Господа Исуса Христа на доброволно страдање за спасение на целиот свет.
Пеењето на Херувимската песна,додека се отворени Царските Двери го означуваат пеењето на Ангелите,кои постојано Го слават Небесниот Цар и невидливо Го следат во силата и славата во подготвените и изнесени Свети Дарови.
Поставувањето на светите дарови на Светиот Престол,затворањето на Царските Двери и навлекувањето на завесата го символизираат погребението на Господа Исуса Христа,ставањето на каменот и запечатувањето на Неговиот Гроб.
По завршувањето на првата половина од Херувимската песна се прави(појасен)поклон.За време на спомнувањето на (Блаженејшиот Архиепископ,епархискиот архиереј,треба да се стои со побожност,со наведната глава и на зборовите
„и сите вас православни христијани“,во себе да се кажува:
„Архиерејството твое да го спомне Господ Бог во Царството Свое“.
На крајот од спомнувањето,во себе треба да се каже:
„Спомни си за мене Господи,кога ќе дојдеш во Царството Свое“.


Зборовите„Двери,двери“ пред пеењето на Символот на Верата,во минатото се однесувале на вратарите,кои не ги пуштале во храмот огласените или многубошците,додека се извршувала Светата Тајна Евхаристија.Денес,овие зборови ги потсетуваат верниците да не пропуштаат грешни помисли низ вратата на своето срце.Зборовите„Премудрост,...“му свртуваат внимание на верникот на спасоносното учење на Православната Црква,изложено во Символот на Верата.

Символот на Верата треба да го пеат сите верници во храмот.Пред почетокот на Символот на Верата треба да се прекрстиме.
Кога свештеникот повикува„Примете,јадете и пијте од неа сите“треба да се прават(појасни)поклони.Во тоа време се присетуваме на Тајната Вечера на Господа Исуса Христа со Апостолите.
За време на извршувањето на самата Свата Евхаристија-претворањето на лебот и виното во Тело и Крв Христови и принесувањето на бескрвната Жртва за живите и упокоените,треба да се молиме со посебно внимание,а откако ќе заврши„Тебе поем“,додека се изговараат зборовите„И молим Ти сја,Боже наш“,треба до земја да им се поклониме на Телото и Крвта Христови.Важноста на овој момент е толку голема,што со него не може да се спореди ниту еден друг момент од нашиот живот.Во овој свештен момент се содржи целото наше спасение и љубовта Божја кон човечкиот род,зашто Бог се овоплоти во тело.
Додека се пее „Достојно“ (или некоја друга песна во чест на Богородица,која на одреден празник се пее наместо„Достојно“)свештеникот се моли за живите и за упокоените,спомнувајки ги по имиња,посебно за оние,за кои и се служи Божествената Литургија.Присутните во храмот треба исто време да се молат,спомнувајки ги имињата на своите блиски,живи и упокоени.
По„Достојно“треба да се направи(појасен)поклон.Додека се изговараат зборовите„И всех,и свја“,исто така се прави мала метанија.

На почетокот од заедничкото пеење на Господовата Молитва„Оче Наш“,треба да се прексрстиме и да се поклониме.Кога ќе се слушне возгласот на свештеникот„Свјатаја свјатих!“,треба да се направи појасен поклон,бидејки Светиот Агнец се воздигнува пред неговото раздробување.Тогаш се потсетуваме на Тајната Вечера и последната беседа на Господа Исуса Христа со учениците,Неговите крстни страданија,смртта и погребението.

По отворањето на царските Двери и изнесувањето на Светите Дарови,што го символизираат појавувањето на господа Исуса Христа по Воскресението,кога свештеникот повикува„Со страв Божји,вера и љубов пристапете“,исто така треба да се направи појасен поклон.
Кон Светата Причест се приоѓа откако најнапред ќе се принесе покајание за своите гревови на исповед и ќе се прочита разрешителна молитва од свештеникот.Оние што се подготвуваат за Светата Причест,треба задолжително да присуствуваат на вечерната богослужба и на молитвите пред Светата Причест,да постат неколку дена(за мерката на постот треба да се посоветува со свештеникот-духовник)и да не јадат и да не пијат ништо од полноќ до Литургијата.

Пред Светата Причест рацете треба крстообразно да ги прекрстиш преку градите(десната на левата).Не крсти се пред Светиот Путир,за случајно да не го турнеш. Пријди кон Светиот Путир со голема побожност и со страв Божји,јасно и разбирливо кажи си го името и со вера и љубов кон Христа,причести се со Неговите Свети Тело и Крв.Потоа отиди до свештеникот и прими од него нафора,без целивање на рака.Треба посебно да Му се заблагодариш на Бога за Неговата голема милост, за благодатниот дар на Светата Причест:
„СЛАВА ТИ БОЖЕ,СЛАВА ТИ БОЖЕ,СЛАВА ТИ БОЖЕ“.


По Светата Причест внимателно сослушај ги (или прочитај ги)благодарствените молитви.До вечерните часови причесниците не прават големи метании.
оние што не се причестуваат за време на светите минути од причестувањето,треба да стојат во храмот,побожно молејки се,не размислувајки за земното,не излегувајки од храмот,за да не се нанесе навреда на Господовата Светиња и да не се наруши поредокот во храмот.

При последното изнесување на Светите дарови,што го символизира Вознесението на Господа Исуса Христа на Небото,додека свештеникот ги изговара зборовите „Сега,секогаш и во сите векови“, оние што не се причестиле треба да направат појасни поклони и да се прекрстат,како и оние што се причестиле.


По завршувањето на Светата Литургија,ако не си се причестил,пријди и целивај го крстот што свештеникот го држи в рака.Потоа целивај му ја раката на свештеникот и прими нафора од него. За достојно да ја примиш нафората,не треба ништо ниту да јадеш,ниту да пиеш(секако,ниту да пушиш!)пред Светата Литургија.


ЦРКОВЕН ЖИВОТ ЗА ПОЧЕТНИЦИ         

Избор од фб профил на Оливера Соколова Македонска

 

Божествената Литургија

rsz_liturgy_resized

 http://mistagogia.mk/bozestvenata-liturgija/?fbclid=IwAR3gukB2EhdGi4PCTPrpm7BgGChZC-utmyLS6WWqYnISSkAUdVRg-Gz3ALc