3.angeli.so.truba

Ум и разум

Умот поминува низ три фази на развој: очистување,просветлување и преобразување. Знаејќи го ова,сватлив е повикот да го држиме отворен.
Умот оди напред - тој води,зборовите го следат умот - колку што можат поблиску,а делата поприлично заостануваат - иако следат.

Мислите,зборовите и делата нека ти бидат во единство, а не едно да мислиш, друго да зборуваш, а трето да правиш.
Собери ги силите на душата во едно:умот,волјата и желбите треба да функционираат под водство на умот,а не - кој како сака.
Разубавување на животот почнува со разубавување на умот.


Митрополит Струмички Наум

 

Избор од фб профил на Simeon Stefkovski