3.angeli.so.truba

Свештеникот кој не сакаше да служи Литургија

Си беше еднаш еден свештеник, кој еден зимски ден не сакаше да служи Литургија, бидејќи беше многу ладно. Беше десет степени под нулата и свештеникот знаеше дека единствениот кој би служел со него тогаш, би бил црковниот пејач. Свештеникот не знаеше ништо за учењето на Црквата за присуството на Триумфалната Црква ниту па за тоа како Божествената Литургија им помага на живите и починатите. Со тешко срце се присили да замине во црква. По пат се молеше да не дојде црковниот пејач за да не мора да служи, туку да си замине дома. Но, пејачот сепак дојде.

Свештеникот набрзина ја направи Проскомидијата (приготвувањето на светите дарови) и ја почна Светата Литургија. Веднаш потоа дојдоа некои епископи, свештеници, монаси и монахињи, мирјани. Повеќето седеа на местото за хорот и почнаа да пеат толку убаво што свештеникот заборави колку му студеше и колку беше ладно претходно. Целото тело му се стопли и целиот беше во пламен. Кога направи мал вход забележа дека црквата е полна, повеќето луѓе му беа познати, но не го задржа погледот многу меѓу нив, туку си продолжи со Божествената Литургија.

Кога дојде времето за осветување на светите дарови, виде тројца епископи облечени во светли алишта, кои зрачејќи влегоа во светиот олтар. Тие клекнаа заедно со него и се молеа. Тогаш свештеникот внимателно стана, со страв, ја зеде кадилницата и рече на глас:

,,Особено за Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша, Богоро дица и секогаш Дева Марија.”

Душата на свештеникот му беше исполнета со божествена радост. Мир и небесен спокој, безмолвие ја исполнуваа неговата душа. Кога беше време за подигнување и разделување на Агнецот, црквата се исполни со прекрасна мелодија. Присутните, сите заедно, монасите, свештениците и епископите не испеаја само еднаш, туку повеќе пати:

,,Еден е Свет, еден е Господ, Исус Христос во слава на Бога, Отца. Амин!”

Потоа ја испеаjа химната на Светата Причест.

,,Тело Христово примете, од изворот на бесмртност вкусете и видете дека е добар Господ. Алилуја.”

Свештеникот се мислеше што да прави. Дали тој да се причести прв или да се тргне и да им дозволи на тројцата епископи да го направат тоа. Додека се мислеше, еден од епископите му кимна со главата укажувајќи му дека тој треба да си се причести прв, а потоа да ги собере останатите делови од Агнецот и да ги стави во Путирот во спомен и слава на Пресвета Богородица и сите светители. Откако заврши со тоа, свештеникот ги отвори Светите Двери – и во црквата немаше никој. Се сврти и погледна во олтарот, погледна десно, лево, епископите беа исчезнале, а тој стоеше занемен и зачуден. Полека ја отвори устата и ги повика сите:

,,Со страв Божји и вера и љубов, пристапете. . . .”

И пејачот се приближи да се причести. Свештеникот сѐ уште беше запрепастен, се чудеше! Целата Триумфална црква беше таму. Сите присутни му беа познати, сите беа луѓе кои заминале од овој свет и чии имиња тој ги спомнуваше на секоја Литургија.

– Затоа сите биле присутни, затоа и ми се толку познати – си помисли.

А епископите во олтарот беа тројцата архиереи: Свети Јован Златоуст, Свети Василиј Велики и Свети Григориј Богослов.

Толку учеше на факултет, толку многу истражуваше и помина толку многу непреспани ноќи учејќи, и целиот тој труд не можеше да му пружи ни капка од слаткото и божествено знаење кое му го подари оваа Божествена Литургија.

Извор: http://www.pppe.mk/…/sveshtenikot-koj-ne-sakashe-da-sluzhi…/

 

 Избор од фб профил на

Dejan Apostolovski