логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

Отец Николај, кој живеел на островот Залит, секогаш пред да јадe читал долга молитва. Еден ден, кога имал работа во големиот град, морал да руча во јавен ресторан. Тој по своето правило спокојно се прекрстил и почнал да ја чита молитвата пред јадење. Во близина имало друштво млади луѓе кои иронично и со сожалување го гледале старецот. Еден од друштвото решил да ја круниса тајната забава, па отишол одзади и го прашал:

–           Оче, таму  во вашето запуштено село, сите ли вака се молат пред јадење?

Старецот без да се мисли, одговорил:

–           Не, мили мој, не сите. Коњите, кучињата, свињите така си јадат…

Свети Серафим Вирицки често велел: „Колку често боледуваме заради тоа што не се молиме пред јадење, не го призиваме Божјото благословение преку храната“.

Порано сѐ се правеше со молитва на устата: ораа – се мола, сееја – се молеа, ја збираа реколтата – се молеа. Денес, ние не знаеме какви луѓе го приготвиле тоа што го јадеме. Многу често храната се подготвува со богохулни зборови, пцуејќи, колнејќи… Затоа, пред да јадеме треба со особено внимание да се помолиме.

Навистина, кога постапуваме така во молитва, и благодарност, на трпезата присуствуваат со нас и ангелите, а каде се ангелите таму се сите светии.

Превод од бугарски:
чтец Дамјан Трпкоски

Извор: http://pravoslaven-sviat.org

Преземено од: http://www.pppe.mk/2018/edna-kratka-istorija-zoshto-treba-da-chitame-molitva-pred-jadene/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 400
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…