Честопати, ние ги помешуваме работите и мислиме, дека духовниот живот значи да си добар човек, да не крадеш, да не убиваш, да не одиш на лоши места и со лоши пријатели, да одиш во недела во црква, да си таму на славословието или барем на „Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух“, да читаш христијанска литература.

Не, тоа не е духовен живот. Духовен човек, вистински христијанин е оној, кој од крштението и после тоа, како возрасен, со срцето си дал клетва пред Бога засекогаш да остане со Него и до Него. Духовниот човек е атлет, кој се отворил во животот, кој се разликува од човечката толпа и кој ита со целата сила на својата душа да ја покори небесата, и со сила да го грабне Небесното Царство. Духовен човек е оној, кој со искри во погледот и полни гради се насочил и трча, да се искачи на небото.

Старец Емилијан Симонопетриски

 

Избор од фб профил на

Милан Копчаревски

25ти септември 2019 лето Господово