Знаете ли дека таа негова улога е најважната улога што во еден Синод епископот може да ја има? Знаете ли колкав црковен и животен опит зад ова мора да стои?

Знаете ли какво расудување за успешно извршување на оваа задача е потребно – да се препознае вистинското време кога да се смири човек и да премолчи, а кога одлучно да пресече и да понуди решение?

Знаете ли какво изострено чувство за Божја правда е потребно, за тоа каде Светиот Дух Господ во конкретен случај дише? Знаете ли колку понижување и смирение за ова човек треба да претрпи?

Знаете ли низ кој ритам на градење личносни односи треба да се помине за тоа достоинство меѓу другите да се стекне? Знаете ли колку љубов за МПЦ-ОА за ова треба да се има?

Знаете ли дека сето ова не може да се помине и без штета по сопственото здравје?

дедо Наум

Избор од фб профил на

К. Вучковски