Не ги расфрлајте напразно своите дарови...

"Деца, не ги расфрлајте напразно своите дарови; не се расфрлајте со празни зборови, зборови без сила кои никому ништо не значат, ниту некој ги памти, заради малку лажна, само човечка слава.

Социјалните мрежи се најголемата замка и алатка што демонот може да ја искористи на ваша штета и на штета на Црквата ако постапувате неразумно, надвор од послушание – надвор од богодадениот поредок на нештата.

И обратно, социјалните мрежи можат да бидат многу силна алатка на Црквата – доколку се користат во послушание, во смирение."


Дедо Наум