МОЛИТВА
кон Св. Архангел Гаврил

Свети Архангеле Гаврил, кој неизречена радост од Небесата на Пречистата Дева И донесе, исполни го со радост и веселба моето срце, ог гордост преогорчено. О, велики Архангеле Божји Гаврил, ти си И благовестил на Пречистата Дева Марија за зачнувањето на Божјиот Син. Извести ме и мене, грешниот, за денот на страшната смрт и помоли Го Господ Бог за мојата грешна душа, да ми ги прости Господ сите мои гревови и да не дозволи злото да ме задржи на страшните митарства. О, велики Архангеле Гаврил! Запази ме од секакви неволји и тешки болести, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

 

Преземено од фб профил на