ЗА БОЛЕСТИТЕ


- Зошто кога човек ќе се разболи, велат, дека Бог го посетил?
„Кога е човекот болен, тогаш и душата почнува да го бара Господа. Затоа и вразумувањето е добро, доволно е само вразумениот да благодари“.
Преп. Ефрем Сирин+


- Зошто се испраќаат болестите на луѓето?
„Болестите се испраќаат за простување на нашите гревови, а понекогаш за смирение на гордоста“.
Преп. Јован Лествичник+


„Видов луѓе што тешко страдаат, кои телесните маки како некоја епитимија ги очистува од душевните страсти“.
Преп. Јован Лествичник+


- Едни велат дека треба да се лекуваме кај лекар, а други дека треба се` да оставиме во рацете на Бога и да не посетуваме никакви лекари?
„Како што не треба да се избегнува медицината, така е нецелисходно врз неа да ја полагаме целата наша надеж.
Но како што се ползуваме во земјоделието од опитот,
а за плодовите го молиме Бога , така и одејќи кај лекар, не престануваме да се надеваме на Господа“.
Св. Василиј Велики+

 

Избор од фб профил на

Оливера Соколова Македонска