Митрополит Николај Месогејски

Обично велиме, дека двајца луѓе се сакаат и дека треба да се земат, па дури и ако се од ист пол. Не! Целта е љубовта да даде единство. Ќе ви кажам што значи тоа. За да има единство, душевно и телесно, на душите и телата, психофизичко, да започнеме од телото, луѓето треба да бидат дополнувачки[1], не еднакви (исти), туку дополнувачки. Не мислам на двајца мажи заедно, извинете, ако тоа ве потсетува на нешто друго. Ниту на две жени. Дополнувачки, според анатомијата, еден маж и една жена. Тоа е прво.

Втора работа: нивната физиологија. Видете колку е убава физиологијата на телата. Целиот систем на човечкото тело е ист кај мажот и кај жената. Работата на бубрезите е иста. И кај мажот, и кај жената. Функцијата на белите дробови, системот за варење на храната, функцијата на црниот дроб – сѐ. Единствената разлика е во системот за размножување. И уште нешто: сите телесни функции се случуваат за истото тело, се исполнуваат и го опслужуваат истото тело. Органите за размножување не можат да работат за самиот човек.

Трета работа. Сите функции се случуваат рефлексно. Јас во овој миг не можам да ја прекинам работата на бубрезите, да направам нешто и тие да престанат да работат. Не може така. А оваа функција (размножувањето) се контролира од човекот. Но, човекот може со својата власт да ја контролира, второ, потребна му е уште една личност со дополнувачка физиологија и биологија. Речиси сите клетки се исти, само детеродилните клетки се разликуваат. Јајцеклетките имаат проста гонидиома, а сите други имаат двојна, тие се исполнети. И сперматозоидите имаат проста гонидиома. И јајцеклетка не оди кон јајцеклетка, ниту сперматозоид кон сперматозоид, туку сперматозоид оди кон јајцеклетка. Така оди тоа. Никој не успеал да го направи тоа поинаку. Ова е физиологијата на телата. Ова е биологија. И како се случува сето ова? Со соединување. Но, хетеросексуалното соединување е задолжително за луѓето – телесно и душевно.

Како се случува душевното единство? Душевното соединување се случува со љубовта. Но, која љубов? Истоштувачката[2] љубов. Што значи тоа „љубам“? Кога една жена вели, „мажот ми“, не е тој кој ме задоволува, тоа е оној, во христијанското сфаќање, кому му се давам, заради кого живеам, кој го исполнува дарот Божји во мојот живот. Зошто толку се оддалечуваме за да ги сфатиме овие работи така? Еден маж, кога ќе каже, „оваа моја жена сакам да ја направам среќна“, не задоволна, туку среќна, живеам за да ја одморам во Бога, живеам за тоа, за да го живееме заедно Неговото присуство во нашиот живот. Нека сме често пати и несовпадливи. За пример ги земам моите родители, не се срамам од тоа, тие беа несовпадливи во бракот, па јас им велев, па слепи ли бевте, како се земавте вие двајцата? Но изградија прекрасно семејство, имаа толку голема љубов…

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

[1] Кои се надополнуваат еден со друг.

[2] Кенотична, испразнувачка.

 

Извор:

 https://crkvaveles.wordpress.com/2019/06/25/fiziologija-i-anatom/?fbclid=IwAR1wz4Glahvm87emAkb_GFng1-lZT2fB4O1L2rAiOKDd0cA--oMGa-zvV00