Покајанието е обнова на крштението. Покајанието е завет со Бога дека ќе водиме еден нов живот.

Покајанието е извор на смиреноста. Покајанието е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесните добра.

Покајанието е самоосудувачка мисла и грижа за себеси без грижа за надворешните работи. Покајанието е ќерка на надежта и порекнување на безнадежноста.

Покајникот е осуденик кој не е лишен од чест. Покајанието е помирение со Бога по пат на вршење на добри дела, спротивни на претходните гревови. Покајанието е очистување на совеста. Покајанието – доброволно трпење на сите маки.

Покајникот е човек кој самиот на себеси си изрекува казна.

Покајанието е силно излегување од стомакот и тепање на душата со силни чувства.“

 

 

Друго: