Основите на духовниот живот се љубовта и смирението. Кадешто има љубов, таму пребива Христос – Љубовта, и кадешто има смирение, во човекот пребива Божјата благодат. Тогаш насекаде царствува Бог и земјата се претвора во рај. А таму каде што ги нема љубовта и смирението, таму пребива ѓаволот, и луѓето, заедно со него, уште тука живееат во ад, и ден по ден се одалечуваат од учеството во блажениот живот.

Најлесниот пат кон спасението е преку љубовта и смирението. Ако ги немаме во нас ќе бидеме судени. Тие две добродетели го смилостивуваат Бог и Неговите созданија ги издигаат на небесата. По тие одлики светите Ангели ги определуваат Божјите чеда, со љубов ги земаат и без страв ги преведуваат низ воздушните митарства, и ги вознесуваат кон нежнољубивиот Отец, кон Бога.



Преп. Пајсиј Светогорец

 

Избор од фбпрофил на

Ivica Trajkovic