„Лазар, пријателот наш, заспал;

целото човештво заспало

но ќе отидам да го разбудам“

Стихира Лазарево Воскресение - Архимандрит Партениј

https://www.youtube.com/watch?v=o8fTu6g1CP0

 

 

 Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.[1]

Житие


Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил тамо но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта уште му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Воскресението на Лазар


Откако ќе ја завршиме душеполезната Четириесетница, да повикаме: Радувај се, граде Витанијо, отечество Лазарево. Радувајте се, Марто и Маријо, сестри негови, зашто доаѓа Христос, со збор да го оживи умрениот брат.

Со овие зборови црковниот поет ни го возвестува крајот на Великата Четириесетница, воведувајќи нѐ во големите и нечуени собитија од светата Страсна Седмица. Нејзино предначинание е Лазаревото Воскресние. „Шест дена пред Пасха, со петте чувства, четиридневниот од Тридневниот, на двете (сестри) единствениот (брат) им се дарува“ (Св. Епифаниј Кипарски).

Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, пред да го оконча Неговото спасително дело и да ја исцели сечовечката рана, шест дена пред да биде предаден на неговите, секогаш споменувани Страданија, со коишто ќе го запечати нашето спасение, ни покажа, како некоја увертира во победничката симфонија, нам, Неговите ученици, но и на сиот свет, дека постои воскресение на мртвите и дека Он е навистина „Живот и Воскресение“. Денес Жизнодавецот го воскресна Лазар, пријателот Свој.

Во евангелското раскажување на Апостолот Јован за овој необичен и дотогаш, невиден настан, се опишуваат трогателни сцени: љубовта и тагата на сестрите Лазареви, Марта и Марија, сочувствувањето на нивните роднини и пријатели во нивната болка, а особено пројавата на човечката природа на Богочовекот: Христос просолзува за смртта на Лазара. Истовремено, при овој настан, Он самовласно и господствено потврдува: Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека (Јован 11,25-26).

А сведоштво за вистинитоста на овој животворен Христов исказ беше за нас благодатното богослужение и вдахновениот глас на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, со кој ни го испеа тој чудесниот канон на Лазаревото воскресение…

„Господи, гласот Твој го разруши адовото царство и словото на власта Твоја го востана од гробот четиридневниот и стана Лазар спасителен предобраз на нашето пакибитие. Сѐ е можно за Тебе, Владико, Цару на сите: дарувај им на слугите Твои очистување и милост голема“.

 

 https://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/2018-voskresenieto-na-lazar/

 

20ти април 2019 лето Господово

 

 

Друго:

Лазарова сабота

Лазарово воскресение