„Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син. Таа претрпува болка, но не се помрачува, тагува, но не очајува.

Тоа е пример на неверојатна Мајка, која нема потреба од плач, крици, губење на свеста, од женска разнежнетост и утеха. Таа добро знае, дека Нејзиниот Син се распнува доброволно, исполнувајќи ја волјата на Небесниот Отец. Таа го преживува тоа мачно Таинство во молк. Не се подигнува против жестоките распнувачи, не бара справедливост, продолжува да ја носи надежта, надминувајќи се Себеси. Колку тоа не е слично со нашето нетрпение во маките, несреќите, лишувањата и гонењата. Слабата и скромната Богомајка станува голем симбол на хероизмот, недостижен за нашата малодушност и користољубивост“.

Монах Мојсеј Светогорец

 

 

 

„Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна!“ Амин!

 

 

5ти април 2019 лето Господово