логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Старец Ефрем Филотејски

Човековото срце е центар на натприродно, природно и противприродно движење. Сè почнува од срцето. Ако човековото срце е очистено, човекот Го гледа Бога. Меѓутоа, на кој начин ние можеме да Го видиме Бога? Може ли Бог да има човечки облик? Не! Бог е невидлив, Бог е Дух. Тој, меѓутоа, може да загосподари во срцето на човекот, кога тоа ќе стане сад способен да Го прими Бога. За да стане срцето на човекот сад способен да Го прими Бога, мора најнапред да биде очистено од нечистите помисли. За да се очисти срцето, во него мора да се внесе одреден лек. Тој лек е молитвата.

Таму кај што ќе згазне царот, непријателот бива протеран. А кога Христос - Неговото Свето име - ќе влезе во срцето, фалангите на демоните почнуваат да бегаат. Кога Христос е цврсто востоличен во срцето, сè Му се покорува. Тоа е како кога добар цар ќе ја освои земјата и ќе биде востоличен во престолнината. Тој тогаш со својата армија ги покорува сите востаници. Со други зборови, тој ги протерува непријателите и ги смирува внатрешните нереди во земјата. Тогаш настанува мир. Царот седи на престолот и гледа дека сè му е покорено и потчинето. Тој тогаш се радува и насладува, зашто гледа дека неговиот труд и борбата завршиле и ги донеле послушноста, мирот и сите сакани резултати.

Така се случува и со царството на нашето срце. Тоа внатре во себе има непријатели, има востаници; тоа има помисли, има страсти и слабости, бури и немири - и сето тоа се наоѓа во човечкото срце. За да може царството на човековото срце да се смири и потчини, Христос, Царот, мора да влезе со Своите војски и да го освои и да го протера непријателот, т. е. ѓаволот. Тој мора да го потчини секој немир што потекнува од страстите и слабостите и да завладее како семоќен цар.

Состојбата што ќе произлезе оттаму Светите отци ја нарекуваат ‘безмолвие на срцето' и со него тогаш непрекинливо владее молитвата, творејќи ги чистотата и ‘тивкото срце'.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 786
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1063
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1010
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…