„Оној што има опит на послушание знае дека послушанието кон духовниот отец во суштина е однос на вера и доверба во Бог а не во човек.

Затоа, како плод на така сфатеното и така оствареното послушание се појавува личниот однос со Бог.

Оној што нема опит, треба да го живее подвигот на послушание сходно претходната реченица ако не сака да промаши. Кога некој би побарал од мене со една реченица да ја објаснам тајната на послушанието, јас би се обидел вака: послушание е остварување на сите наши желби и цели, но не на начин на кој ние тоа би го испланирале и направиле, туку на начин на кој тоа Бог би го промислил, а ние слободно би го прифатиле и би Му содејствувале.

Некој може да си ги оствари своите желби и цели и на првиот начин, но последицата ќе биде отсуството на Бог во него.“

-Н.В.