логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Вистината е дека би било посебно удобно за сите нас, ако Бог го земеше за критериум на нашето спасение – постењето, молитвата, нашето молитвено правило, богослужбите на кои сме учествувале или беседите кои сме ги слушале, верските книги што сме ги прочитале или манастирите и старците што сме ги посетиле. Освен тоа, сето погоре кажано може најдобро, во прикриен облик, да биде дело на високоумието и себенадевањето, и да го зацврстува нашето „его“ со успесите и постигнувањата. Но нема да биде така. Христос во Неговото Евангелие апсолутно расчистува, дека Неговиот суд ќе се изврши во лицето на немоќниот, на недостојниот за љубов, на оној кој има потреба и е во тешкотии наш ближен. Критериум на спасението ќе биде љубовта. Рајот е место и начин на општење на човекот со Бог, во кој учествуваат оние чие што срце посакало и можело да љуби. Снисходливоста, прифаќањето, примањето, сочувството на нашиот ближен кој страда, заедничарењето и споделувањето на маките и потребите на нашите ближни, стануваат духовна скала преку која благодатта Божја доаѓа во нашето битисување, носејќи радост, мир, веселие и полнота на животот. Сега се сеќавам на еден интересен настан од животот на старец Јосиф Ватопедски, се раскажува дека во времето кога се наоѓал во Неа Скити (Нов Скит) на Света Гора, заедно со неговото братство, еден млад монах го видел старецот надвор од ќелијата, легнат на земјата како им рони трошки леб на мравките, кои на тоа место имаа направено гнездо. „Што правиш таму, старче? – го прашал, а тој му одговорил: „Еве што правам, се учам на сострадание…“ Токму ова сострадание и љубов кон секој човек, животно, растение, дрво и сето создание, ќе го сочинува критериумот на нашето спасение.

Освен тоа, да не забораваме, дека пеколот никогаш не е казна Божја, туку уништувачко себепрогонство на човекот, кој одбива да љуби и да учествува во радоста на животот. Зашто, токму тоа е пеколот, да не можеш да се радуваш и да љубиш…

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

 

Извор: https://crkvaveles.wordpress.com/2019/03/05/kriterium/?fbclid=IwAR2lcrSxso6uBtFzWpnIkKoQDqFvaJjN67Om02N9yiFgXQO8hxjNIUapCoM

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 762
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1041
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 990
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…