Сито - поучна приказна за молитвата

Си било еднаш едно момче кое со денови, недели и месеци учело молитви. Но во неговата глава не се задржувало ништо. Се' истекувало како вода, ништо од важното не останувало. Потполно разочарано, момчето решило да престане да се моли. Во меѓувреме слушна за еден старец, голем молитвеник кој се подвизувал во пустина.
- Добро - помислило момчето - ќе го посетам мудрецот и да се обидам за последен пат да најдам одговор на прашањето како треба да се молам. Тргнало на пат, го пронашло мудрецот и го запрашало:
- Голем учетелу! Дали би сакал да ме научиш на вистинска молитва, да осетам корист од тоа?
Старецот - подвижник одговори:
- Го гледаш ли онаа валкано сито онаму?
- Да! - одговори момчето.
- Земи го и од реката донеси вода во него.
Момчето го земало ситото, отишло сто метра до реката и зграбил вода со ситото. Штом го извлекол од водата сета вода истекла од него. Се вратило момчето кај Старецот со празно сито. Кога го здогледал, Старецот му рекол повторно да оди на реката и да земе вода. Така момчето одело неколку пати. На крајот му здосадило, па го прашало Старецот:
- Зошто ме мачиш да работам бесмислена работа кога вода во сито не може да се носи?
Старецот му одговорил:
- Синко мој, исто е и со молитвата. Ти навистина не донесе ни капка вода, но затоа пак ситото кое беше валкано сега е чисто. Тебе само ти се чини дека немаш корист од молитвата и дека во тебе ништо не останува. Молитвата те прочистува иако ти не го чувствуваш тоа, исто како водата што го исчисти ситото.

 

Извор:

Од ФБ профил на

Николај Филотеев