Браќа

Имаше некогаш двајца селани. Се викаа Васил и Рангел. Тие беа родени браќа од ист татко и од иста мајка, но не се сакаа. Штом почина татко им, двајцата го разделија големиот татков двор на два мали двора, па добитокот и нивите и започнаа да живеат одделно.
Но се случи, Васил страшно да му позавиди на братот свој Рангел за големата клунеста круша што ја имаше во неговата нива.
- Брате, со се сум согласен, но таа круша е моја! Тате за мене ја посади. Моја е! - кажуваше Васил.
- Нели во мојата нива се падна и сега веќе е моја, братко. Нема како да ти ја дадам. Зошто си грешиш душата и правиш да се караме и да ни се смеат луѓето! – му одвраќаше Рангел.
- Не, крушата е моja – настојуваше на своето помалиот брат Васил.

Еден ден Васил отиде на брата си на нивата и ја отсече крушата. Од тогаш двајцата браќа се замразија еден со друг и не сакаа да се видат, но исто така и жените нивни престанаа да си зборуваат, децата се отстранија едно од друго, та дури и кучињата по цел ден се лаеа преку плотот.

Васил имаше момченце кое имаше дванаесет години. Името му беше Митко. Тоа беше добро, кротко и милостиво детенце. И заради непријателството имаше тежина во срцето. Еден ден Митко беше во дворот. Од соседниот двор излезе малечката Минка, ќеркичката на чичко му која штотуку беше прoодила. Се упати малата Минка кон тревникот пред куќата. Во тоа време на патот се појави преплашен коњ, кој доаѓаше дирекно накај малото девојче. Митко се фрли, го фати малото детенце и го однесе. За еден миг и двајцата ќе загинеа под нозете на коњот.
Од куќата истрча стрината на Митко со пискот. Таа беше видела сѐ и го милуваше не само своето мало девојче, туку и Митко, на кого му изрече најслатки благодарствени зборови.
За таа случка дозна цело село. Само Васил се чудеше што да каже на синот свој и се мрштеше:
- "Ами ако тебе те беше згазил коњот?"

Дојде зимата и Васил се беше разболел и и дрвата беа привршиле. Немало кој да помогне. Митко бил сеуште мал за таа работа. Еден ден чичко му се вратил од гората со полна кола со дрва и застанал не пред својата, а пред нивната порта. Го повикал Митко да ја отвори и ги истоварил во дворот.
-" Митко" – му рекол тој, - "тоа ти е, чичковата награда, за тоа што во есента ја спаси нашата Минка од коњот."
Митковата мајка виде сѐ, се пресрами, излезе и му заблагодари на Рангел. Радосна му раскажа на Васил за тоа што го стори брат му за нив. А Васил уште неколку денови лежеше дома болен и се едни исти мисли му се вртеа во умот: „Рангел си е од времето добар човек. Подобар е тој од мене. И за крушата беше во право. Нему се падна, а јас пак му ја отсеков! А сега дрва ми носи.”

Штом оздраве, отиде право при брата си и му побара прошка. Рангел тоа го чекаше. Со радост се прегрнаа. Како што велат луѓето: „Крвта вода не бидува”. Без свој лесно не се живее. Побрзаа и на домашните да им кажат какво добро направија. Уште другиот ден нивните сопруги почнаа да разговараат. Децата, кога видеа, дека нивните мајките си разговараат човечки - почнаа и тие со дружбени игри. Дури и кучињата, немаше веќе кој да ги тера, и тие одвникнаа да се лаат.

Бог ни го дал сродството за да не привлече со врските на љубовта еден кон друг. Но ние често го забораваме тоа и своите најблиски ги претворуваме во странци. Затоа преблагата Божја промисла ни испраќа различни искушенија за да ја покажеме добрината своја или пак болести за да ни го омекнат и ублажат нашето срце. Та накрај, излечени од своите страсти, да речеме: ,,Колку е убаво и колку е пријатно кога браќата живеат еднодушно!'' (Псалм 132:1)

 

Извор:

ФБ профил на:

Николај Филотеев

22ри февруари 2019 лето Господово