логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Мир на тебе, почитуван…!

Што се однесува до внатрешниот поредок, ќе ти го кажам следново: не поставувај си себе големи задачи, не одредувај никакви рокови, туку секогаш и во сè воздржувај се од зло, од нарушување на надворешните и внатрешните заповеди и присилувај се да правиш добро, т.е. макар и со голем напор и борба; и труди се да постапуваш не како што ти сакаш, туку како што заповеда Господ во светите Свои заповеди. Не е напразно речено: „Царството небесно се добива со напор“. А ова е пропратено со уште нешто – „трпејќи жалости и болести“. Тебе те посетила големата Божја милост на Оној Кој не ја посакува смртта на грешникот.

Ти си пропаднал духовно, по смртта на тој пат те очекува бездната на адот. Советите не ги послуша зашто толку ти се силите. Потребно било некое моќно средство, за да те врати од погибелниот пат. Господ бил принуден тоа средство да ти го прати во вид на болест. Затоа немој да негодуваш на Бога, не бегај со духот, но благодари Му на Бога за милоста кон тебе и грижата за твоето спасение. Во Зборовите Божји (Светото Писмо) се вели: „Господ го сака секого, иако го кара, и го подучува секој син што го прима“. И така ти си му мил на Бога, не навредувај Го со својата неблагодарност и нарушување на Неговите свети заповеди.

За да се стекнеш со нерасеана молитва, треба да се смириш пред Бога и луѓето и многу да вежбаш. Без смирение човекот секогаш ќе биде расејан. Но, не бегај со духот и не очајувај, туку трпи, почекај, и сметај се себе за недостоен за какви било дарови. Навистина сме сите недостојни за каква било милост, па дури и да го призиваме Името Божјо!

Помолете се за мене и јас ќе си спомнувам за Вас. Потруди се! Не паѓај со духот, сè истрпи, за сè благодари Му на Господа!

Извор: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 641
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 937
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 884
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…