логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

„Со што светителите толку се разликуваат од нас, па поради тоа ја примаат Божјата благодат?“

„Нашите светители поседуваат Божествена правда наместо човечка,“, ми одговори.
„А што е божествена правда?“, повторно прашав.
Вака ми објасни:
„Замисли двајца седат на маса и пред нив има сад со десет кајсии. Ако еден од нив лакомо изеде седум кајсии, а на братот му остави само три, тој е нечесен кон братот, ете тоа е неправда. А ако рече: ’Имаме десет кајсии, а ние сме двајца, значи имаме по пет’, и потоа да изеде пет кајсии, тој применува човечка правда. Поради тоа често одиме на суд во потрага за човечка правда.

Но, ако човекот сфати дека неговиот пријател многу сака кајсии, ќе се преправа дека не му се допаѓаат и ќе изеде само една, велејќи: ’Те молам, земи ги сите овие кајсии, јас не ги сакам. Всушност, ме боли стомакот и не сакам повеќе да јадам’. Таквиот човек поседува Божествена правда и повеќе сака по човечките мерила да биде неправеден кон себе и да се жртвува за да биде награден со Божја благодат, која обилно ќе се излие на него.

Повеќе:http://preminportal.com.mk/content/view/1739/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 756
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1037
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 984
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…