Во ресторанот седеше професорот Владета Јеротиќ со своите пријатели. Еден младич сакаше да го части  пијачка.Пријде, се представи и кажа дека тој на професорот Јеротиќ многу му должи, затоа што неговите книги многу му помогнаа во животот, па би сакал на овој начин да му се заблагодари. Професорот Јеротиќ љубезно се заблагодари велејќи:

„Немојте секогаш да правите  јас тебе -ти мене. Јас нешто, како вие кажувате сум ви учинил и вие сега сакате мене да ми вратите. Кога некој ќе ви направи некое добро, вие направете добро  на некој друг, тој на некој трет и така се прави круг на добри дела.


Инаку тоа- јас тебе ти мене- е одраз на племенска свест и основа  за коруција. Затоа јас велам да за племенските народи во кои ги вбројувам и Србите, корупцијата е нешто природно.
Сепак , не треба да заборавиме дека ние сме повикани да бидеме христијани, а тоа значи да се издигнуваме над својата природа.“

 

 Извор: ФБ профил Повеќе од живот (кога некој ќе ви направи добро)